Гордана Силјановска-Давкова е родена на 11 мај 1955 година во Охрид — македонски универзитетски професор и правник.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 октомври, 2019 15:04

Силјановска: Нема чекорење напред со згазено национално достоинство

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Професорката Гордана Силјановска Давковска на својот Фејсбук профил постави отворено прашање до Власта, дали е време да се биде само сведок на настаните или пак да се биде целосно одговорен и активен учесник во донесувањето на одлуките за сегашноста и иднината на Македонија.

Фејсбук статус на професорката Гордана Силјановска Давкова

Нема промени на подобро без визија и одговорно лидерство, нема европски вредности и реформи без знаење, стручност и компетентност, нема развој без стратегија и стратези, нема национално единство без дијалог и меѓусебно разбирање, нема чекорење напред со згазено национално достоинство, пишува професорката на „Фејсбук“.

Гордана Силјановска-Давкова е родена на 11 мај 1955 година во Охрид — македонски универзитетски професор и правник.

Основно и средно образование завршила во Скопје (1973). Дипломирала на Правниот факултет во Скопје (1978), каде што и магистрирала. Докторирала пред комисија предводена од проф. Франц Град со „Cum laude“ на Правниот факултет во Љубљана, на тема „Local Selfgovernment – between Norms and Reality“ во 1994.

Била избрана за асистент по предметот политички систем на Правниот факултет во Скопје (1989), за доцент по уставно право и политички систем (1994), а потоа и за редовен професор во 2004. Била член на Уставната комисија на Собранието на РМ (1990-1992) и министер во Владата на РМ (1992-1994). Експерт за избори на ООН и потпретседател на групата Независни експерти за локална самоуправа при Советот на Европа. Член на Венецијанската комисија. Автор е на стотина научни трудови за уставното право и политичкиот систем.

На конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ која се одржала во Струга, Гордана Силјановска-Давкова била избрана за претседателски кандидат.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...