
Македонија
Фејсбук
Професорката Гордана Силјановка Давкова на својот Фејсбук профил објави честитка по повод денешниот празник 23 октомври, Ден на македонската револуционерна борба, упати порака до македонскиот народ каде посочи дека право е да бидеме македонски народ, да се идентификуваме како македонска нација, да се гордееме со македонската историја и култура, да го негуваме прекрасниот македонски јазик.

Ние, Македонците, не сме поинакви од другите.
Ако нацијата е имагинарна заедница, имагинарноста не важи само за нас, ами за сите нации. Ако тие настанале во 19 и 20 век, тогаш и ние се вклопуваме во оваа тенденција.
Наше право е да бидеме македонски народ, да се идентификуваме како македонска нација, да се гордееме со македонската историја И култура, да го негуваме прекрасниот македонски јазик на кој пишувале и пееле славни писатели и поети, се образувале многу генерации, со страст го учеле немакедонци, јазични експерти тврделе и тврдат дека е посебен, милозвучен и мелодичен, дека пее и се смее кога се говори.
Никој, заради ниту една цел, без оглед со каков ореол е закитена, нема право да не обезнародува, обезличува и обезименува.
Немало друга модерна македонска нација, македонска држава, ниту друг македонски јазик! Секој народ има право на историја по свое, па и ние.
Честит празник, стои во честитката на Силјановска Давкова.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.