Силјановска вели државата мора да биде неутрална, непартиска, потенцирајќи дека премиерот и министрите треба да работат на исполнување на ветените проекти

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 април, 2019 23:14

Силјановска: Оваа Влада умее да плива само во богатство, корупција и криминал

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На вечерашниот митинг во Крива Паланка, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова се обрати пред насобраните граѓани, и истакна дека СДСМ и Зоран Заев ветувале многу проекти за граѓаните, но не исполниле ништо од тоа, додавајќи дека нејзин предизвик како иден претседател ќе биде решавање на проблемите на сите граѓани.

-За жал оваа власт ветуваше битка со сиромаштијата, ветуваше дека ќе ги заштити најнезаштитените, најслабите, се колнеше дека ќе ја брани и ќе стори се за социјалната држава. Ама заборави на тоа. И додека 40 проценти од граѓаните се борат за живот, за преживување, не мислам дека тие имаат свест за тоа. Тоа се истите оние луѓе кои се расфрлаат со коли, со мотори, со глисери. Тоа ли е социјалдемократија? Не, тоа не е тоа. Социјалната држава ќе биде нашата основна цел. Тоа е предизвик за секоја одговорна власт и јас најпрво ќе се солидаризирам со најсиромашните, оти 40 проценти граѓани е огромна заборавена бројка, вели Силјановска Давкова.

Како што вели Силјановска,  државата мора да биде неутрална, непартиска, потенцирајќи дека премиерот и министрите треба да работат на исполнување на ветените проекти, а не да агитираат и да присуствуваат и настапуваат на политички собири.

-За време на избори претставниците на власта не треба да се сеприсутни во медиумите, не треба да одат ниту пак да агитираат на политички собири, зошто тие ја претставуваат државата, а државата не треба да биде партиска. Државата треба да биде неутрална, кажа Силјановска Давкова.

Професорката Силјановска се обрати пред граѓаните на Крива Паланка

Во своето обраќање истакна и дека од секојдневната средба со граѓаните слуша и гледа голема недоверба во владата на СДСМ и во институциите, додавајќи дека оваа недоверба може да заврши со нејзината победа на претседателските избори на 21 април и 5 мај, а потоа и на предвремените парламентарни избори.

-Отсуството на доверба треба да се запечати и да се потврди на претседателските избори, а потоа да се завери и на предвремените парламентарни избори, изјави таа.

Според нејзе оваа влада најдобро се снаоѓа во криминалот, корупцијата и криминалот, а не во демократијата.

-Тие не умеат да пливаат во демократија, умеат да пливаат само во богатство, корупција и криминал, во непотизам, во фамилијарна демократија а таа тешко опстојува, затоа мислам дека треба да си заминат.Вреди да се инвестира во знаењето, дека нема поголема сила и моќ од знаењето, дека тие заслужуваат овде да го живеат својот сон, нагласи Силјановска.

Посебен акцент стави и на нејзините приоритети како идна претседателка на Република Македонија, а кои се дел од нејзината програма.

Еден од тие приоритети е токму и обраќањето пред Собранието се со цел да им предочи на пратениците и министрите за проблемите на граѓаните, додавајќи дека доколку оваа влада не ги реши проблемите, ќе дојде наредната влада која сета своја енергија, знаење и моќ ќе ги посвети за решавање на општото добро, а не на личното и колективното.

-Она што е ваш приоритет ќе биде мој, дека јас многу пати ќе се обраќам пред собранието барајќи од пратениците и министрите да сторат се за да можат да се справат со проблемите на најсиромашните, со проблемите на лицата со посебни потреби, со проблемите на најранливата категорија Ромите во Македонија, особено со жените, со младите, со пензионерите, со земјоделците, се разбира во договор со владата, зошто јас сум убедена дека една идна влада ќе умее да го слуша народот да направи приоритет, сета енергија, знаење и моќ да ја посвети за решавање на општото добро а не на личното и колективното. Ние сме уморни од олигарси, нам ни требаат одговорни демократи, политичари и државници, рече Силјановска Давкова.

На крај посочи дека доколку не се водите од правото и правдата не може да има Европска Унија, ниту демократија, а ниту добар и квалитетен живот, алудирајќи дека со нејзината победа конечно ќе се врати правната држава и владеењето на правото во Македонија.

-Ако постојано не се водите од правото и правдата, ако не велите дека без владеење на право нема ниту економија, ниту образование, нема ни Е од Европската Унија, додаде Силјановска.

Извор Курир.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Станува збор за болницата Пирогов во Софија, која има и специјален оддел за детски изгореници.

Момчето кое се повреди од струен удар во Трубарево ќе биде испратено на лекување во Софија!

Министерството за здравство информираше дека момчето кое вчера се здоби со изгореници...

Не е напредок на држава да се наоѓаш 105-то место на листата на Транспаренси, туку е навреда на интелигенцијата на граѓаните тоа да го нарекуваш блескање,стои во соопштението на ВМРО.

“Оставката на Богоевски не го покрива фактот дека тој и Заев се најголеми криминалци”

Македонија престана да блеска откако СДСМ дојде на власт.Не е напредок на држава да...

Иако во поголемиот дел од државите во регионот зелениот картон чини околу 10 евра, кај нас чини 60 евра за цела година, а пола од тоа односно 30 евра плаќаат оние кои вадат зелен картон за еден месец, што се сведува на тоа дека македонските возачи плаќаат најскап зелен картон во регионот. 

Македонските возачи плаќаат најскап зелен картон во регионот

Летниот одмор не чини цело богатство. Освен што секое семејство плаќа за сместувањето,...