Професорката Гордана Силјановска Давкова, на својот Фејсбук профил се огласи во врска со ситуацијата со Коронавирусот во земјава.
Таа во постот на Фејсбук потсетува дека сега е вистинско време да се сплотат политичките партии но и народот, бидејќи сега не е време за поделба.
Не е време за политизација и за поделби на “наши” или “ваши”.
Не е време за херојство со тоа што ќе се изложуваме себеси или останатите на ризик. Херои се нашите пријатели лекари, медицински персонал, полицијата, армијата и сите оние кои деноноќно работат за надминување на кризата. Тие работат по 12-15 часа на ден и се под огромен психички и физички стрес.
Силјановска апелира до народот да се случаат апелите од стручните лица.
Да им помогнеме со добар збор но и со одговорно однесување. Време е да ги послушаме советите на стручните и одговорни лица и препораките на надлежните институции, апелира Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова, носител на листата во ИЕ1 од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.