Младата тинејџерска ѕвезда Симеон Коруноски вечерва ќе настапи на втората полуфинална вечер на 33.то издание на фестивалот за забавна музика „Макфест“, кој започна вчера во Штип.
Ова е прв настап на Симеон на овој престижен фестивал на кој годинава ќе настапат голем број познати имиња од македонската естрада. Симеон ќе настапи со песната На светов си се, негова авторска музика во аранжман на Иле Спасев и текст на Дејан Лилиќ.
Симеон за својот вечерашен настап вели дека е “возбуден за настапот пред штипската публика но дека се надева деќа ќе се претстави во најдобро светло и дека неговата песна ќе придонесе за успешноста на фестивалот а дека на публиката ќе и се допадне“. Истовремено вели дека “нема никаква очекувања освен добар настап и дружење со колегите“.
Заедно со Симеон, на втората полуфинална вечер ќе настапат Дани, Роберт Билбилов, Александар Тарабунов, Антонио Гиговска итн.
Симеон неодамна го објави и својот прв видео запис за песната Каде сме.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.