Симовски вели дека никаков политички субјект не вршел притисок врз нив како да се спроведе пописот.

Објавил: Перо Милчин | 15 септември, 2021 4:58

СИМОВСКИ ЗА ТВ 24: НИКАКОВ ПОЛИТИЧКИ СУБЈЕКТ НЕ ВРШЕШЕ ПРИТИСОК ВРЗ НАС КАКО ДА СЕ СПРОВЕДЕ ПОПИСОТ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски во емисијата 24 анализа истакна дека овој попис се спрведува со комбиниран метод, а не со традиционалниот од 2011 и сите претходни пописи.

Комбинираниот метод ви дава можност истовремено да спроведувате податоци на терен, но и користите податоци од бази во држаните институции. – рече Симовски.

Пописот не попишува она што е во регистарот, туку се спроведува и теренско попишување.

За првпат не одиме со хартиени прашалнци, туку со електронски. Попишувачот не е во контакт со  податоците по завршување на попишувањето. Штом попишувачот заврши и ја употреби командата „сними“, тие податоци одат во нашата база и тие не се чуваат во лаптопот на попишувачот. На тој начин го штитиме и попишувачот и податоците да не има проблем да ги чува тие податоци ил друг да дојде во контакт со нив. – вели Симовски.

Симовски вели дека никаков политички субјект не вршел притисок врз нив како да се спроведе пописот.

Ни директно, ни ндиректно ако ќе го спроведеме пописот. И власта и опозицијата дадоа поддршка на овој процес и тоа е добро. Таа политичка порака да се поддржи овој процес е апсолутно коректна. Она што професионално го работиме, е наша работа и никој не се обидел да се меша. – рече Симовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

Тој одлучи да настапи како независен кандидат без да ја почека одлуката на матичната партија СДСМ, која после тоа го исклучи од членството, а во Куманово одлучи да истрча со Оливер Илиевски.

Димитриевски: Пола МВР е во Куманово

Независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, во вечерашното...

Еден од нив е Охридскиот мировен договор, кој е целосно имплементиран и е модел, кој покажува дека со малцинските прашања најдобро може да се справиме со зајакнување на локалната самоуправа.

Заев за виенски „Стандард“: ЕУ треба да го забрза процесот на донесување одлуки

„Понекогаш членките на ЕУ ја забораваат причината зошто работиме заедно, а тоа е затоа...

Во случајот со разрешувањето на директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски се работеше за спроведување на Законот за спроведување на К-5 Програмата, односно за распоредување на работни задачи на административни службеници, кои се примени на работа, земаат плата, а не работат“, рече премиерот!

Функционерите се должни да преземат политичка одговорност, вели Заев

Заев: Функционерите се должни да преземат политичка одговорност, да ги спроведуваат...