Директорот Симовски апелираше до сите граѓани на нашата држава, да ја искористат можноста слободно и без никаков притисок да ја исполнат оваа граѓанска обврска.

Објавил: Стојче Бушин | 27 март, 2021 12:33

Симовски: Пописот започнува на 1-ви април согласно протоколот за заштита

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски и портпаролот на Владата на Македонија, Муамет Хоџа денеска одржаа заедничка прес-конференција на којашто информираа за тековните активности поврзани со пописот на населението, домаќинствата и становите.

Како што информираше портпаролот Хоџа, пописот во дијаспората се одвива со задоволителна динамика и без никакви проблеми. Утрово бројот на самопопишани македонски државјани изнесуваше 148.719 лица.

Директорот Симовски, се осврна на важноста од спроведување на попис, односно податоците кои ќе се добијат по завршувањето на најсложената и најважна статистичка операција за една земја.

„Пописот пред сѐ е операција којашто треба да обезбеди податоци кои се основа за креирање на политиките кои се од важност за сите граѓани. Затоа повикувам да се заборават сите повици на бојкот и обиди за политизација на овој процес. Податоците кои ќе ги добиеме се значајни за подобра иднина на сите нас“, рече Симовски.

Директорот Симовски апелираше до сите граѓани на нашата држава, да ја искористат можноста слободно и без никаков притисок да ја исполнат оваа граѓанска обврска.

Во однос на заштитата од ширење на пандемијата предизвикана од КОВИД-19, Симовски ги увери граѓаните дека во текот на целиот процес до најситен детаљ ќе се следат препораките од Комисијата за заразни болести и уште еднаш потенцираше дека не постои простор за грижа дека пописот ќе влијае кон зголемување на бројот на заболени лица.

Временската прогноза ни оди во прилог и секаде каде што може пописот ќе се спроведува на отворено, таму каде нема можност ќе се внимава на протоколот и ќе се преземат сите превентивни мерки за заштита“, подвлече Симовски.

Одговорајќи на новинарски прашања за информации кои се однесуваат на одложување на пописот, Симовски беше категоричен дека станува збор за шпекулации и лажни вести. Сите активности за почеток на пописот на 1-ви април се одвиваат тековно и не постои сомнеж дека пописот ќе се одложи.

Во однос на казните во случај на одбивање да се учествува во пописот, како и за повиците за бојкот, директорот на ДЗС, потенцираше дека целта не е да се казнува туку да се соберат податоци кои ќе им служат на сите граѓани. Но, законите се јасни и надлежните институции доколку е потребно ќе постапат согласно тоа што е утврдено со закон.

„Прашајте ги сите инвеститори дали би инвестирале без основни податоци за една држава. Како ќе инвестираат ако не знаат за работна сила во регионот каде што сакаат да инвестираат, како ќе инвестираат ако немаат информација за каков пазар се работи… одговорот на овие прашања е причината зошто ни е неопходен пописот“, заклучи Симовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

На средбата, која се совпадна и со пристигнувањето на првите количини од 4.850 дози од одобрените вкупно 119.213 вакцини „Фајзер“, премиерот Заев изрази благодарност за помошта во времињата на решавање на предизвиците што ги наметна пандемијата и го оцени овој гест како голема порака за европската солидарност.

Заев на средбата со Вархеји: Европеизацијата е нашата агенда на патот кон ЕУ, а поддршката со вакцини е голем гест на европската солидарност

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев вчера го прими еврокомесарот...

Оваа година работникот и неговиот трудот како никогаш до сега е девалвиран и потценет. Оваа година е најцрната економска година за Македонија.

МИЦКОСКИ: ТРУДОТ И РАБОТНИКОТ НЕ БИЛЕ НИКОГАШ ТОЛКУ ПОГАЗЕНИ КАКО СЕГА

„Дозволете во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија...

Оваа хуманитарна акција се организира како замена за традиционалната Ифтарска вечера, која и оваа година мора да биде изоставена поради пандемијата со корона вирусот.

Охрид денеска донираше 100 хуманитарни пакети на Исламската верска заедница за социјални семејства

Во духот на меѓусебното почитување, соживотот и заедничкото одбележување на верските...