„Ова е критична точка, со екипи од Турција се обидуваме да ги поместиме трите плочи кои се паднати една врз друга.

Објавил: Перо Милчин | 26 ноември, 2019 23:39

Симоновски зборува за ТВ21 од Драч: „Се наоѓаме на критична точка, најверојатно има три-четири деца под рушевината“

Фото/Текст извор: ©21тв

Три до четири деца се заглавени во рушевината каде што интервенираат екипи на пожарната од Град Скопје и екипи од Турција. Командир Владимир Симоновски зборува ексклузивно за ТВ21.

„Ова е критична точка, со екипи од Турција се обидуваме да ги поместиме трите плочи кои се паднати една врз друга. Се претпоставува дека тука има три-четири деца кои се затрупани под рушевините“, вели Симоновски во изјава за ТВ21 во Драч, Албанија.

Багерите на терен, се уште се расчистуваат урнатините по разорниот земјотрес јавува репортерот на ТВ21 од Драч, Албанија.
Екипата на ТВ21 се наоѓа во Драч.

Во Драч пристигнати се екипите од нашата земја кои со термален дрон ќе пребаруваат луѓе од под урнатините.

Во земјотресот со јачина од 6.4 степени загинаа најмалку 16 лица, а повредени се повеќе од 600 лица. Спасувачи од Балканот се приклучија во акцијата за потрага по преживеани, под зградите и објектите кои се урнаа при силниот потрес.

http://https://www.youtube.com/watch?time_continue=105&v=owh_Fy1HAvI&feature=emb_title

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.