вторник, 20 август 2019

MK/ EN/ DE



Тогаш на прашањето што мисли за неприсуството на Заев на инаугурацијата, тој изјави дека нема да коментира многу бидејќи смета дека причините биле оправдани, но сепак Заев требало да присуствува.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 мај, 2019 23:02

Симптоматично е тоа што снимката за Богоевски излезе еден ден откако тој го нападна Заев!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По само два дена откако пратеникот Павле Богоевски на тв 24 го критикуваше премиерот Заев поради тоа што не присуствуваше на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Пендаровски излезе аудио снимката која ја крена јавноста на нозе.

Богоевски беше поранешен активист на Шарена револуција

Откако беше објавена аудио снимката дека Павле Богеовски нарачува дрога, коментарите беа различни, но многумина велат дека симптоматично е тоа што снимката е објавена еден ден откако тој го нападна премиерот Зоран Заев за неприсуството на инаугуацијата на претседателот Стево Пендаровски, пишува Лидер.мк

-Мислам дека некој број на лица треба да бидат отстранети од листата и да бидат ставени некои други луѓе кои би било многу посоодветно да присуствуваат на воков тип на настани. – кажа Богоевски за тв 24.

Тогаш на прашањето што мисли за неприсуството на Заев на инаугурацијата, тој изјави дека нема да коментира многу бидејќи смета дека причините биле оправдани, но сепак Заев требало да присуствува.

Симптоматично е тоа што само еден ден откако пратеникот го нападна премиерот вчера преку социјална руска мрежа повторно беше објавен разговор од извесен Илија Громовник  во кој Павле Богоевски кој е актуелен пратеник, дипломиран криминалист на Факултетот за безбедност и поранешен активист на Шарената револуција се слуша како нарачува дрога за која тој тврди дека е масло од канабис.

Богоевски вчера се огласи на Фејсбук а напиша дека за разлика од другите објавени разговори тука нема местење избори ниту пак договарање криминали.

Во оваа „БОМБА“ нема договарање на милионски криминали. Нема заговарање за уништување животи. Нема местење избори. Нема ендеци и запалени кафани. Има наводи за мојот приватен живот, кои (во овој случај) се извадени од контекст,напиша Богоевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

По потпишувањето на Договорот Харадинај изјави дека неговата и партијата на Ахмети денеска „успеаја да ги обединат најдобрите експертизи за една развојна програма за земјата“.

Харадинај и Ахмети потпишаа договор за предизборна коалиција

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ААК), премиерот во оставка Рамуш Харадинај...

Митановски истакнува дека во рекетот бил директно инволвиран и синот на Катица Јанева.

Поранешен пратеник објави шокантни информации: Синот на Катица Јанева директно инволвиран во “Рекет”

Веле Митаноски кој е поранешен пратеник во македонското Собрание, објави шокантни...

Изминатиов викенд Љубомир Спасиќ зема учество во последниот натпревар сезонава кој се одржуваше во Чешке Буџејовице, каде што се сумираа резултатите од сите овогодишни трки. Претходно тој се натпреваруваше во натпреварите за Европски куп и во Македонија, Словенија, Германија, Шпанија и Италија, по кои заврши прв во генералниот пласман во конкуренција на повеќе од 200 кајакари од 17 европски држави.

Љубомир Спасиќ е првиот Македонец кој освои Европски куп во кајак! (ВИДЕО)

Љубомир Спасиќ  од Велес е првиот Македонец што го освоил Европскиот куп во дисциплината...


Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial