Според протоколот за гласање најпрвин полицијата на влезната врата од гласачкото место бара гласачите да стават заштитна маска.

Објавил: Стојче Бушин | 8 јули, 2020 20:35

Симулација на безбедно гласање во пресрет на изборите на 15 јули

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска присуствуваше на симулацијата на гласачкиот ден организиран од Државната изборна комисија. 

Со задолжителни заштитни маски, дезинфекција на раце на влез и излез од гласачкото место, поголемо растојание од членовите на одборите и од гласачите кои чекаат на ред!

Ракавици не треба да се носат, пенкалата ќе се менуваат на неколку часа, а секој гласач ќе чека да излезе претходниот кој веќе завршил со гласањето.

Денеска присуствував на симулацијата на гласачкиот ден организиран од Државната изборна комисија. Можам да заклучам дека гласањето ќе биде безбедно и согласно протоколите на Комисијата за заразни болести. Симулацијата потврди дека може да се гласа без ризик за гласачите, истакна министерот Венко Филипче!

✅ Според протоколот за гласање најпрвин полицијата на влезната врата од гласачкото место бара гласачите да стават заштитна маска.
✅ По влегување во објектот, ред за гласање се чека на дистанца.
✅При влегување во просторијата, гласачот прво ги дезинфицира рацете, ѝ ја подава личната карта на изборната комисија. Накратко, ја симнува маската за идентификација, гласа и на излегување повторно ги дезинфицира рацете.
✅ Во просторијата за гласање не може истовремено да има повеќе гласачи од вкупниот број паравани за гласање.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Избори 2020

Груби вели дека нема да дозволат да се вратат назад, без разлика дали се во позиција или во опозиција, па затоа истакна дека не доаѓа во предвид ДУИ да коалицира со Левица.

Груби: Секојдневно контактираме со СДСМ, не доаѓа во предвид коалиција со Левица!

Во интервју за албански „Шчип“,  организацискиот секретар на ДУИ, открива дека...

ДУИ има многу добра положба за преговарање, се согласувам со ставот дека барањето за прв премиер Албанец, не беше ништо повеќе од преговарачки чин на Али Ахмети- рече Богоевски.

Богоевски: Заев може да собере 61 пратеник и без ДУИ!

Поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Павле Богоевски во вчерашното гостување...

Откако ДИК и Управниот суд ги отфрлија нивните приговори и жалби за изборни прекршувања во 5 и 6 изборна единица, главно за полнење на кутии, тие за понеделник најавуваат протестен марш во Скопје.

Таравари: Ако ДУИ дозволи да отвориме една гласачка кутија во Зајас, ќе им ги дадеме сите пратеници!

Арбен Таравари, генералниот секретар на Алијансата за Албанците, во изјава за ТВ 21,...

Тој претходно истакна дека СДСМ, брзаше дури и во време на пандемија да има избори по секоја цена, а сега Заев замина на одмор велејќи дека има време за формирање Влада, и дека за тоа ќе се разговара после 2-ри август. 

Јакимовски: За да ги исполни сите барања на Заев ќе му остане само министерство за екологија

Во вчерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ поранешниот градоначалник на...