Мирјана Марковиќ, сопругата на Слободан Милошевиќ починала вчера во 77 година од животот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 април, 2019 12:21

Синот и ќерката на Милошевиќ не дозволуваат Мирјана да биде погребана покрај него- ова била нејзината последна желба

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Синот и ќерката на Мирјана и Слободан Милошевиќ не дозволуваат нивната мајка да биде погребана во Србија, до нивниот татко Слободан.

Инаку Мирјана Марковиќ, сопругата на некогашниот претседател на Србија и на СР Југославија, Слободан Милошевиќ, починала вчера во 77 година од животот, во Русија, каде што живееше во последните 16 години. 

Последните фотографии од вдовицата на Милошевиќ, ги објави српски Курир

Мирјана која беше поранешна претседателка на политичката партија Југословенска левица, починала како последица од воспаление на белите дробови  во болница каде се лекувала скоро еден месец. Времето и местото за нејзиниот погреб се уште не се познати, но постои недоумица каде таа ќе биде погребана – дали покрај сопругот до липата во Пожаревац, или во Москва каде ги поминала последните години во животот.

Последна желба на Мирјана сепак била да биде погребана покрај нејзиниот сопруг.

Според информациите кои вчера ги објавија медиумите, сопругата на Милошевиќ имала четири операции во болница во Сочи, по кои дошло до компликации.

Инаку Мира последните години во животот ги помина во Русија со статус на политички бегалец веќе долг период. Во 2005 година Србија распиша потерница по неа, со што веднаш штом би дошла во Србија, би била уапсена, но апелацискиот суд во Белград од неодамна ја укина пресудата со која Марковиќ е осудена на една година затвор поради злоупотреба на службената положба при доделување на државни станови. 

Таа беше југословенска и српска докторка по социологија, политичарка, и сопруга на поранешниот претседател на Сојузна Република Југославија Слободан Милошевиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Бањајќи се на плажа во местото Пољица недалеку од Трогир некој фотографирал глетка која избезуми бројни капачи.

Мислам дека ќе ми пукне срцето – Огромен пајак ги преплаши капачите на Јадран

Неверојатна случка се случила на Јадранското море. Социјалните мрежи преплавени од...

„Од овој момент не сум повеќе премиер. Следната недела би требало да се појавам во Хаг“, наведе Харадинај.

По „земјотресот“ во Приштина, медиумите пишуваат: Во Хаг покрај Хардинај, можно е да седнат на иста обвинителна клупа и Тачи и Весели?

Премиерот на Косово  Рамуш Харадинај вчера поднесе оставка на седницата на влада....

Попладнево неочекувано оставка поднесе премиерот на Косово Рамуш Харадинај. Во секој момент се очекува негово обраќање. Нема информации дали неговото повлекување е повразно со дијалогот меѓу Белград и Приштина кој треба да продолжи во септември.

ШОК: Рамуш Харадинај поднесе оставка

Шок на политичката сцена во Косово, Рамуш Хардинај поднесе оставка. Шок во Косово по...

Имено, на снимката се гледа како воспитувачката ги малтретира, и ги фотографира и тоа на делови каде е забранета употреба и фотографирање со мобилен телефон.

ФАЛЕШЕ УШТЕ РАЧИЊАТА ДА МУ ГИ ИЗВАДИ: Брутално однесување во Домот за деца без родители

Покрет Левијатан објави видео на кое се гледа како воспитувачка, како што се наведува...