
Македонија
Инциденти
Вчеравечер на булеварот „Партизански одреди“, во близина на хотел „Карпош“, лицето Г.Б, син на политичарот Амди Бајрам, предизвикал верижен судар.
Тој, според очевидци, возел побрзо од пропишаното кога со својот автомобил удрил во две возила.
Синот на поранешниот пратеник бил во алкохолизирана состојба. Инцидентот го потврди МВР, од каде што велат дека е поднесена и пријава против возачот, објави Репортер!
Според очевидците, откако ги оштетил останатите возила и предизвикал сообраќајка, Г.Б. излегол од своето возило „масерати“ и со боксови ги нападнал присутните.
Неодамна на Амди Бајрам претседателот на политичката партија Сојуз на Ромите од Македонија (СРМ), му била извршена ампутација на едната нога.
„Имав ампутација на едната нога, ама ќе ставам протеза. Во политиката ммислам дека ќе се вратам. Сега ми треба малку време да закрепнам, но ќе се вратам“изјави Амди Бајрам.
Амди Бајрам е роден во Скопје и има завршено средно трговско училиште, а извесно време бил генерален директор на текстилното претпријатие „Шутекс“.
Бајрам во 1994 станал пратеник во Собранието на Република Македонија како член на Партија за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), но до крајот на мандатот работел како независен пратеник.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.