Васил изрази сочувство до семејството на трагичнозагинатата Емилија Динева, со чии органи денеска беа спасени три животи.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 мај, 2020 23:23

Синот на Иван кој денеска доби срце: Фамилијата на Емилија да знае – нејзиното срце уште чука!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Васил  Огненовски, синот на Иван Огненовски е човекот кој го доби срцето на Емилија Динева, и на кој воедно му бее направена првата трансплатација на срце во земјава, на денешната прес конференција на министерот Венко Филипче, се појави пред медиумите и упати јавна благодарност до хуманото семејство на прерано починатата Динева.

Ноќеска на Клиниката за кардиохирургија во државниот Клинички центар во Скопје се изведе првата трансплантација на срце во Република Македонија, која заврши со позитивен исход!

Васил изрази сочувство до семејството на трагичнозагинатата Емилија Динева, со чии органи денеска беа спасени три животи.

-Пред се сакам да изразам големо сочувство до фамилијата на Емилија и едно големо благодарам, што со донирањето спасија три животи, од кои еден е оној на татко ми,- рече Васил.

-Пред два дена ни се јавија дека има срце, дека е најден донор и ќе биде извршена првата операција во нашата држава на срце од донор. Се случи, дојдовме, се направи операцијата и сега чекаме информации за понатамошниот процес.Докторите еднаш го спасија мојот родител, сега повторно го направија тоа. Големо благодарам до нив, затоа што во нашата држава имаме многу добри доктори и ќе спасат уште милиони жители. Ќе се запознаеме со фамилијата на Емилија, сакаме и татко ми да биде во состојба да се запознаеме со нив и да изразиме сочувство. Да знаат дека срцето на Емилија се уште чука, истакна Васил.

Денеска се огласи и министерот за здравство Венко Филипче, кој посочи дека благодарение на семејството на Емилија, кое реши да ги донира нејзините органи, денеска беа спасени три животи.

Ден полн со емоции за сите. За семејството Диневи кое пред неколку дена ја загуби својата сакана мајка и сопруга, Емилија Динева, за семејството Огненовски чиј татко и сопруг доби втора шанса.
Откако на Емилија Динева и беше дијагностицирана мозочната смрт, нејзините најблиски одлучија да ги донираат нејзиното срце и бубрези. Сега срцето на Емилија Динева чука во градите на Иван Огненовски, а нејзините бубрези спасија живот на двајца пациенти кои со години беа на дијализа. Ден полн со емоции и за мене како човек, како хирург и на крајот како министер за здравство. Ова е историски ден за сите нас и за нашето здравство.
Благодарение на тројцата врвни каридохирурзи Проф. д-р Сашко Јовев од Државна Кардиохирургија, д-р Жан Митрев од клиниката “Жан Митрев”, Проф. д-р Александар Николиќ од клиниката “Аџибадем Систина” и д-р Маја Мојсова Мијовска од КАРИЛ направена е правата успешна трансплантација на срце во нашата земја.
Бескрајно сум благодарен и горд на моите колеги за нивниот успех, на семејството на Емилија за нивната големина, човечност и хуманост и на семејството Огненовски на довербата кон македонското здравство и нашите лекари, напиша Министерот Филипче!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ако не ги признаеме слабостите на историјата, не можеме да градиме заедничка иднина. Нам ни треба историја која гради мост на пријателство меѓу народите, преку глава ни е од истории кои создаваат раздор и поттикнуваат нетрпеливост.

Заев се оправда за скандалозното интервју: “Дајте да живееме денеска“

Пемиерот Зоран Заев денеска изјави дека ги разбира реакциите на социјалните мрежи...

Ставот на Пендаровски е дел од интервјуто за Дојче веле, кое интегрално ќе биде објавено утре.

Пендаровски за ДВ: Спорот со Бугарија може да се реши само ако се почитува достоинството на македонскиот народ

Антифашистичката борба е во темелите на современата македонска држава, а во таа борба...

Изгубен човек во простор-времето. Човек без никаков сенс за државничка политика. Корумпиран човек кој, ако не му се спротивставиме, ќе не направи народ без држава!

Апасиев: Ако не му се спротиставиме на Заев ќе не направи народ БЕЗ ДРЖАВА!

Мора да дозволиме заедничката и споделената историја да не обедини нас, граѓаните...

- МАКЕДОН потсетува на одлуките на референдумот од 8 септември 1991 година и референдумот од 30 септември 2018 година, и повторува дека ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ!

МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА ЗГРОЗЕНИ ОД ИНТЕРВЈУТО НА ЗАЕВ ЗА БГНЕС!

СОЈУЗ НА ЗДРУЖЕНИЈАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ И ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА...