Данило Вучиќ е заразен со злобниот вирус и сега е на лекување.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 април, 2020 22:02

Синот на српскиот претседател заразен од коронавирус: „Сине ќе победиш, те сака тато“

Фото/Текст извор: ©magazin.mk извор-фото Курир.рс

Данило Вучиќ, синот на српскиот претседател Александар Вучиќ, е примен на Клиниката за инфективни болести и е позитивен на коронавирус.

Данило Вучиќ е заразен со злобниот вирус и сега е на лекување.

Оваа вест ја објави на Инстаграм самиот претседател.

Тој истакна дека предавањето не е опција и рече: „Сине, ќе победиш!“

– Кога се започна, мојот Данило ми рече дека предавањето не е опција. Моето првородено дете беше заразено со коронавирус, а неговата клиничка слика беше таква што беше примен на Клиниката за инфективни болести. Сине, ќе победиш. Тато те сака, сите те сакаме! – напиша Вучиќ на Инстаграм.

Синот Данило и ќерката Милица, на српскиот претседател беа ангажирани како волонтери уште од прогласувањето на епидемијата. Тој пред извесно време на една од конференциите за печатот, изјави дека неговите деца ги носат потребните лекови, храната и другите основни производи за пензионерите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Меѓутоа, кога новинарите го прашаа дали е можно тој да биде толку неодговорен што не сторил ништо што им било препорачано на сите други заболени од коронавирус, (самоизолација, тестирање ...), Несторовиќ тврди дека не се однесувал неодговорно кон себе или кон луѓето од неговата окоКако гостин во една емисија, тој исто такапризна дека не бил во самоизолација затоашто имал премногу работа.лина.

Несторовиќ повторно шокира:Сигурен бев дека имав корона, но не бев во самоизолација!

Професорот д-р Бранимир Несторовиќ, член на кризниот персонал за борба против Ковид-19, ги...

Вирусот бил регистриран и кај тријажна медицинска сестра, која ги примала децата кои во понеделникот дошле во градинката во претшколската установа „Милка Диманиќ“ во Власотинце.

Се отворија пред два дена а денес прв случај на Ковид-19: Воспитувачка во градинка во Србија заразена од корона!

Српскиот министер за образование, Младен Чаршевиќ, рече дека има процедури кога вирусот...