
Спорт
Формула
Синот на број еден возачот на Формула 1, Михаел Шумахер, после долги години од несреќата на неговиот татко реши да си ја отвори душата и прозборе во јавноста.

Имено Мик Шумахер преку отворено писмо ја објасни ситуацијата во славното семејство.
За здравствената состојба на Михаел Шумахер, не се знае речиси ништо од тешката несреќа што ја доживеа додека скијаше на крајот на 2013 година.
-Тој отсекогаш бил мојот татко на прво место. Лекциите и советите што ги добив не ги земам здраво за готово. Еден од нив е никогаш да не бидам премногу еуфоричен ниту премногу депресивен – напиша Мик, кој заедно со својата сестра Џина Марија и мајката Корина, секогаш биле центар на светот за Михаел Шумахер.
-Многу рано сфатив дека сакам да бидам возач во Формула 1, да бидам шампион. Скокнав во картинг кога имав три години, се натпреварував на национално ниво на осумгодишна возраст. На возраст од 11 или 12 години, знаев дека сакам да се бавам професионално со тркање – пишува Мик, кој не си дозволи да се вознемири од товарот на славното презиме.
-Користев различни имиња, бев инкогнито за да докажам дека не сум „син на тато“. Јас разбирам сè, татко ми е петкратен последователен шампион во Формула 1 во годините по моето раѓање. Тоа е прилично неверојатно, зар не? Но, јас никогаш не го гледав татко ми како најголем возач на светот, вели тој.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.