
Свет
Криза
Во Тел Авив, вториот најнаселен град во Израел, штотуку се огласија сирените за тревога.
Во градот се слушаат експлозии. Странските медиуми јавуваат дека Тел Авив бил погоден од ракети за прв пат по 48 часа.
Израелската војска на Твитер потврди дека во Тел Авив и во централниот дел на Израел се огласиле сирени што предупредуваат на ракетен напад.
19 лица биле пренесени во болница откако исламистичките милитанти испукале ракети кон израелскиот град Бершеба.
Луѓето биле повредени додека трчале кон засолништата кога се огласиле сирените, а тројца доживеале шок, објавија израелските медиуми.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.