За ова лице е побарана мерка притвор а според сознанијата се работи за потпретседателката на хуманитарниот меѓународен сојуз Јасна Мандиќ- Ерцеговиќ.

Објавил: Валерија Петрова | 9 октомври, 2019 18:18

Сител: Вечерва Јасна Маниќ – Ерцеговиќ ќе биде изведена пред судија на претходна постапка

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Шефицата на ЈО за организиран криминал потврди за Сител дека во текот на вечерва едно лице од осомничените 4 ќе биде изведено пред судија на претходна постапка.

За ова лице е побарана мерка притвор а според сознанијата се работи за потпретседателката на хуманитарниот меѓународен сојуз Јасна Мандиќ- Ерцеговиќ.

За останатите три осомничени лица меѓу кои е висок функционер од редовите на СДСМ се побарани мерки за претпазливост. До сега судот не испратил се уште покани и најверојатно тие ќе бидат повикани од утре да се јават кај судија на претходнапостапка.

Обвинителката Вилма Рускоска се уште не е пристигната во судот ниту лицето за кое е побарано притвор за новата истрага поврзана со сучајот Рекет.

За потсетување, вчера Бојан Јовановски требаше за прв пат да даде исказ пред судиката Вилма Русковска, но ненадејно му се слоши па мораше Брзата помош да интервенира во судот. Со носилки првоосомничениот во Рекет Бојан ЈОваноски беше пренесен во болницата.

Сашо Дукосики рече дека Боки 13 во тоалетот во Обвинителството почнал да повраќа, му се слошило и се онесвестил.

„Непријатна сцена беше. Не случајно досега бил најмалку 20 пати во болница. Тој не даде исказ. Повраќаше во тоалетот и потоа колабираше. Многу лоша и грда сцена“, рече Дуковски пред Обвинителството.

Според Обвинителството, Бојан Јовановски, преку тргување со влијание издејствувал преку поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, ослободување од притвор на осомничениот бизнисмен Орце Камчев во предметот „Империја“ и можност за спогодба.

Јанева е третоосомничена во предметот „Рекет” за злоупотреба на службена положба и овластувања. Јовановски, заедно со Зоран Милески – Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито влијание, а Јовановски и за перење пари.

Рокот за поднесување обвинение по случајот истекува утре.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Семејството немало доволно финансии за да може да обезбеди итна операција на срцето која била неопходна, па Бидејќи времето истекувало многу брзо,  самиот татко решил да го подари своето срце на неговиот сакан син.

ТРОГАТЕЛНО ВИДЕО: Последните зборови на татко кој срцето го подари на својот син

Колку е голема љубовта на родителите за своите деца доказ е овој татко кој решил да...

Претходно дел од сопствениците на угостителските објекти во овој дел на градот самостојно ги отстранија платформтите од езерото.

После Куба Либре дојде ред на Ликвид: Се руши платформата пред „Ликвид“ во Охрид!

Вчера со отстранување на платформата пред кафе барот „Ликвид“ во стариот дел на градот...