Ангелина Маркус на Фејсбук: Ке имам ли уште еден долг живот за да ги средам сите тие податоци што ми пристигнуваат од секаде.

Објавил: Рејхан Бајрами | 6 август, 2018 23:52

Сите бараат римски или грчки градови а се тоа е само Македонско недоископано!

Фото/Текст извор: ©Архива

Пост Илинденски истражувања, поминаа Илинденските Празници, поминаа многу настани а којзнае уште што не чека. За мене предимност имаат новите согледувања, новите истражувања за докрај не истражената Македонија.
Со неколку археолози и луѓе од Македониум-от со Страшо Олумчев го прошетавме Овче поле, со Никола Ристевски. Бевме на ископините на Бела Зора, Геоглифот и други места.

Вредеше да се искачам на тие височини. Како космосот сам да ми отвори врати на тоа елипсоидно плато со стрелка низ средината. Чудно е тоа што сите на тоа место го очекуваат гробот на Александар Македонски ама стрелката е усмерена кон Алшар(златна планина), голем предизвик за мене, му ветив на Ристевски соработка за неговата нова книга.
Нови многу интересни сознанија стекнувам за Стибера ударна вест беше дека е пронајдена статуата на божицата Тиха(чисто Македонска) таа е божица на градење на градовите заштитничка на судбините не само во Пелагонија туку и на сите градови Александрии. За Тиха има многу материјал кај Полибие- Историја ||.

Слика од местот на ископините

Ми пристигнуваат многу текстови пак за Стибера, во една карта римјаните заборавиле да ја избришат Пела каде што е палатата на раѓањето на Александар. Многу кражби и фалсификати еве ги на виделина. Една од нив е Елизабета || седната на златниот претстол од Клеопатра со целиот нејзин накит и круна.
Сите бараат римски или грчки градови а се тоа е само Македонско недоископано и непроучено. Во Македонија покрај толку кражби како сеуште да не е ништо значајно откриено. Ке имам ли уште еден долг живот за да ги средам сите тие податоци што ми пристигнуваат од секаде. За сето тоа иако немам тим се постигнувам во оваа една и пол година со пријателите од facebook. Ајде Македонци големи работи не чекаат вреди да ги средиме.

Тоа е вистинско откровение за Македонија иако изгледа дека борбата за опстанок е пред се. Се чуваме за поголемите работи за соочување со големата вистина за Македонија. Се гледаме и слушаме низ истражувањата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Земјотресот се случил на 26 јули 1963 година во 5:17 часот. Како резултат на земјотресот, од 1.000 до 1.100 жители ги загубиле животите, а најмалку 3000 лица биле повредени.

ОБЕЛЕЖУВАЊЕ ГОДИШНИНА ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО СКОПЈЕ: Гости Влатко Стефановски, Танос Ставридис, Биља Крстиќ и Биг Бенд

Објавена е програмата на град Скопје, за одбележување на 56 години од катастрофалниот...

Ансамблот Танец претставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе седум децении, културен амбасадор кој несебично ја презентира и споделува богатата македонска традиција во земјата и во светот.

Уште еден голем концерт на амбасадорот на македонскиот фолклор- Танец во четврток во Прилеп

Под мотото „Остани во чекор – со минатото, сегашноста и иднината“, на 4 ти јули во четврток...

Никој не останува рамнодушен кога настапува „Танец“. Уште при првиот звук од зурлата, уште на првиот удар од тапанот и при првиот чекор на ороводецот ни заигруваат срцата, ни затреперува телото.

Седумдесет години „ТАНЕЦ“ – амбасадор на македонскиот фолклор насекаде низ светот!

„Танец“ — aнсамбл за народни игри и песни на Македонија, основан во 1949 година. Со своето...