Членовите на семејството кои не отишле на кобното патување во Истанбул денеска се во семејната куќа во скопски Чаир кадешто си ја олеснуваат болката заедно со најблиските

Објавил: Рејхан Бајрами | 24 ноември, 2021 7:22

Сите биле во роднинска врска: Пет од загинатите деца во несреќата во Бугарија учеле во училиштето “Исмаил Ќемали”

Фото/Текст извор: ©магазин

Скопското основно училиште „Исмаил Ќемали“ завиено во црно. Пет ученици загинаа во страшната сообраќајка во Бугарија. Сите петмина се во роднинска врска, пишува Сител!

Вкупно 12 члена од ова семејство ги загубија животите во несреќата враќајќи се од кобното патување во Истанбул.

– Најмалото од петте деца кои учеле во Основното училиште „Исмаил Ќемали“ одело во второ одделение. Едно било шесто, едно осмо, а другите две биле деветто одделение.

Директорката на училиштето не сакаше да зборува пред камерите.

Учениците од прва смена порано беа пуштени дома поради трагедијата, а според информации на Сител, наставата од втора смена се одвива нормално.

Семејството кое загуби 12 членови се сопственици на угостителски објект во старата скопска чаршија. Ресторанот денеска е затворен. На улицата каде се наоѓа објектот денеска можеше да се почувствува тага. Вработените во околината не сакаа да зборуваат пред камерата на Сител, но велат дека тешка трагедија го погодила и семејството, но и сите околни дуќани бидејќи тие секојдневно се среќавале нив.

Членовите на семејството кои не отишле на кобното патување во Истанбул денеска се во семејната куќа во скопски Чаир кадешто си ја олеснуваат болката заедно со најблиските, објави Сител!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Утринава бил сослушан и сопственикот на превозната фирма „Беса Транс“ и тој е достапен за македонските истражни органи, соопштија од македонското и од бугарското обвинителство. Дали за него ќе следува мерка притвор, ќе одлучува надлежниот јавен обвинител.

Соптвеникот на „Беса транс“ бил на распит, бугарското обвинителство најави расчистување на случајот

Државното јавно обвинителство денеска ги предаде на бугарското обвинителство материјалите...

Министерот за транспорт и врски, Бочварски откри и дека автобусот на Беса Транс користел извод од лиценца на друг автобус, а попладнево кажа дека ниту еден од возачите кои го управувале автобусот на „Беса Транс“ кој изгоре, не бил вработен во компанијата

ТРАГЕДИЈАТА СО „БЕСА ТРАНС“ ОТКРИВА И ГОЛЕМИ СИСТЕМСКИ ПРОПУСТИ ЗА ПРЕВОЗНИЦИТЕ ВО ДРЖАВА

Владата како најодговорна за изнаоѓање на фирма која ќе се грижи за софтверот за полагање...

„Според бугарското обвинителство се спасиле 8 патници и дека тоа го забележал сведок. Што се однесува до списокот, во кој недостасува лице од ОАЕ, и за кое се вели дека е осмиот патник, немаме таква информација се уште. Од тоа што знам е дека патниците често ги менувале седиштата од еден во друг автобус, кога одмарале на бензински пумпи. Не знаеме какво ќе биде својството во постапката на сопственикот на компанијата, информира Јовески.

Јовески: Нема траги од експлозив на автобусот

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна...