Швајцарија е поделена на 26 кантони — сојузни единици што ја сочинуваат државата. Од Вестфалскиот мир (1648), па сè до основањето на сојузна Швајцарија (1848), секој кантон бил наполно суверена држава со своја царина, војска и валута. Најнов кантон е Јура, кој се одделил од Берн во 1979 г!
Поимот „кантон“ (германски: Kanton, француски: cantons, италијански: cantoni, реторомански: chantuns) е од француско потекло и значи „агол“ или „околија“
Историја
Во XVI век, стариот Швајцарски сојуз (Eidgenossenschaft) се состоел од 13 суверени држави: шест краински (или шумски) и седум градски. Иако сите технички биле дел од Светата римска империја, независноста дефакто ја стекнале во 1499 г. кога извојувале победа над царот Максимилијан. Шесте шумски кантони биле демократски републики, додека пак седумте градски кантони олигархиски републики под власта на благородниците.
Устав
Секој кантон има свој устав, законодавство, влада и судство. Највеќето законодавни домови се еднодомни парламенти, со по 58 до 200 пратеници. Неколку од нив се народни собори (Landsgemeinden). Кантонските влади имаат по 5 до 7 члена, зависно од кантонот.
Според Сојузниот устав на Швајцарија, кантоните се суверени за сето она што не е во надлежност на централната власт. Меѓу самостојните надлежности спаѓаат и здравството, социјалата, редот и мирот и образованието, како и даночењето.
Уставите на поединечните кантони го уредуваат степенот на самоуправа што го уживаат општините, кој се разликува од случај до случај, но секогаш подразбира право на даночење и носење на општински закони. Според големината, кантоните се движат од 37 км² до 7.105 км², а според населението, од 15.471 до 1.244.400 жители.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.