СДСМ во очај што нема 61 пратенички мандат да распише избори кои би ги фалсификува, сеуште шири лаги дека има над 81 пратеник за уставни измени од ВМРО - ДПМНЕ

Објавил: Мирко Бачиќ | 8 октомври, 2018 11:42

Сите лаги на СДСМ за поддршка од пратеници на ВМРО – ДПМНЕ

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Очигледно дека СДСМ а со тоа и Владата на Македонија се обожаватели на лажни вести со кои мислат дека може да се купи пратенички глас.

Па откако првично измислија дека координаторот на СДСМ, Тунтев е директно одговорен за преговори и разговори со пратеници на ВМРО – ДПМНЕ кои би поддржале уставни измени, ја променија тактиката, па прокламираа дека лично Заев има средба со оние кои имаат приближни ставови.

Целта беше и повеќе од јасна. Да се дефокусиа јавноста од фактот дека Заев нема ни 61 пратенички глас за распишување на нови предвремени избори а не 81 за уставни измени.

Соочени со фактот дека немаат 81 пратеник за уставни измени, но ни 61 пратеник за брзи избори за пратеници со изборен фалсификат, во СДСМ од паника измислија нова лага.

Вистина е само дека на пратеници на ВМРО – ДПМНЕ во периодот пред и за референдумот прво им се заканувале, па уценувале за на крај да им нудат и шестоцифрени суми во евра за да им го откупат гласот за уставни измени.

Дел од пратениците кои се соочиле со оваа појава посочуваат дека постапката се реализирала со непознати посредници кои им приоѓале, ги поздравувале во име на Генералниот Секретар на Владата на Македонија, Драги Рашкоски и започнувале преговори за која цена би можеле да ги поддржат Уставните измени.

Откако се огласи и поранешниот и актуелниот претседател на ВМРО – ДПМНЕ а и по одржаните Извршен и Централен комитет, сосема е јасно дека ниту еден од 42 члениот пратенички состав на ВМРО – ДПМНЕ нема да гласа уставни измени.

Останаа три пратеници од Социјалистичката партија од коалицијата на ВМРО – ДПМНЕ и три од партиите ГРОМ, партијата на Србите и партијата на Турците.

По повик на претседателот на СПМ вчера од можноста да гласаат уставни измени се одградија и трите пратеници на оваа партија што значи на СДСМ им преостана можноста да се обидат да ги откупат гласовите на три пратеници од коалицијата со што би имале 73 пратенички мандати во поддршка од потребните 81.

Како не би го признале поразот што Рашкоски не успеал во мисијата, Заев денес со нова лага. СДСМ обезбедиле 2/3 мнозинство и тоа со пратеници од ВМРО – ДПМНЕ но ВМРО – ДПМНЕ им ги минирала нивните гласови.

Пратениците на ВМРО – ДПМНЕ кристално јасно и јавно ставија до знаење дека нивната одлука да не гласаат уставни измени не е партиска директива туку лично убедување кон почитувањето на Уставот пред кој дале заклетва но и пред своите гласачи.

Трагикомични се информациите дека СДСМ обезбедиле и повеќе од потрените 81 пратеници но дека ВМРО – ДПМНЕ нашле начин како да го минираат тајното гласање. 

Веста која е плод на имагинација говори дека при евентуалното тајно гласање, ВМРО – ДПМНЕ пратеничкиот состав се договорил да ја напушти пленарната сала со што би ги оневозможоло пратениците да гласаат за уставни измени.

Дека се е лага стои и изјавата на Заев дека СДСМ е против тајно гласање за уставни промени. Зошто тогаш лагите дека им недостигаат уште три или пет пратеници за 2/3 мнозинство кое денес кулминираше со лажната информација дека СДСМ има 2/3 мнозинство ама ВМРО – ДПМНЕ им го минирало.

Бројни аналитичари и политичари се згрозени од начинот на кој СДСМ ги пласира информациите но и стојат на ставот дека можени коректно би било за јавноста но и честа на пратениците од било која пратеничка група, дури и ВМРО – ДПМНЕ да предложи гласање за уставни измени. Координаторот на ВМРО – ДПМНЕ, Данев, одамна најави дека на таква точка на дневен ред тој нема да седи во пленарната сала.

Но зошто јавно не би знаеле кои пратеници би гласале со “за”, кои би биле “против” а кои воздржани за уставни измени. Така ќе паднат во вода лагите на СДСМ а јавноста ќе знае кој пратеник како и дали да го бира на предвремените избори за пратеници 2018 година кои е повеќе од јасно дека ќе ги има.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.