Сообраќајот на државнита патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози. Снег врне на Попова Шапка, во Крушево, Маврово и на планинските превои Стража, Ѓавато и Пресека.

Објавил: Весна Петровска | 13 јануари, 2020 16:59

СИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН КРУШЕВО: Вистинска зимска бајка – ДЕЦАТА УЖИВААТ!

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Поради снегот, Крушево во изминатиов викенд беше исполнето со туристи и посетители од сите возрасти. Посетителите поминаа убави денови, а некои ќе го продолжат престојот на падините на скијачките терени, во угостителските објекти и во прошетките во околината.

Локалните власти на Крушево се убедени дека ги подобруваат условите за престојот на гостите и им нудат повеќе содржини за рекреација. Сметаат дека во новогодишните, божикните празници и со деновите на училишниот распуст, го привлекуваат вниманието на посетителите. Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, очекувањата се за успешна не само зимска, туку и рекреативна сезона во текот на целата година.

Снегот во Крушево донесе дополнителни посетители

– Особено охрабрува што лани имавме зголемен број на посетители и туристи за повеќе од 13 проценти во споредба со претходната година. Тоа е охрабрување да очекуваме успешна туристичка 2020 година, вели Христоски.

Сообраќајот на државнита патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози. Снег врне на Попова Шапка, во Крушево, Маврово и на планинските превои Стража, Ѓавато и Пресека.

ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Обраќајќи се пред парламентот, британскиот премиер рече дека последното нешто што тој сакаше да го направи е да ги обвини здравствените работници за тоа што се случи.

Не се криви здравствените работници: Џонсон ја презеде целата одговорност за ширење на короната во Велика Британија!

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денеска дека презема целосна одговорност...

СЗО ја идентификуваше и елиминираше глобалната пандемија. Лекот веќе беше познат, но СЗО не го пријави на Кинезите ??

КОВИД- 19 НЕ Е ВИРУС: Италијанците први го пронајдоа лекот за коронавирус?

Италијанските лекари не го почитуваа глобалниот закон за здравство на СЗО, кој препорачуваше...

Хашеми бил убиен недалеку од неговата куќа, пренесува Ројтерс, и се наведува дека напишал бројни текстови за Исламската држава и за полицијаташто работела во Ирак со поддршка на Иран.

УБИЕН ПОЗНАТ ПОЛИТИЧКИ АНАЛИТИЧАР: Го чекале пред неговиот дом, не му простиле се што напишал за нив!

Вооружени лица го убиле денеска во Багдад Хишам ал-Хашеми, истакнат поранешен советник...