„Основците добиваат нови учебници и помошни наставни материјали, значително е модернизирана настава во средното образование, со многу нови дуални паралелки и компании партнери на училиштата“, вели Јетон Шаќири, министер за образование.

Објавил: Мате Парлоф | 2 септември, 2022 6:04

Сите предмети во една книга – учебната година почна, учебници нема

Фото/Текст извор: ©tv21

Вака изгледа привремениот „учебник“ за петто одделение. Четири во едно,  македонски јазик, математика, природни науки и општество и историја во иста книга, која МОН ја нарече материјали за учење.

Како и претходните така и учебната 2022-23 година започна без учебници по одредени предмети. Наставните програми се готови согласно новата Концепција за основно образование, но учебниците ќе доцнат во првите месеци од учебната година. Авторите на учебниците имаат решенија за истите, но проблемот е во тендерите, се прават комбинации како да се печатат- вели претседателот на Независниот синдикат Томислав Гиевски. Ова го негира министерот и вели дека не е стигната работата до тендерите, а од друга страна на својот Фејсбук профил напиша!

„Основците добиваат нови учебници и помошни наставни материјали, значително е модернизирана настава во средното образование, со многу нови дуални паралелки и компании партнери на училиштата“, вели Јетон Шаќири, министер за образование.

Според Гиевски скрипти и помошни материјали по одредени предмети се доставени во училиштата, но тоа не се учебници.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.