Демократскиот сојуз над 20 години опстојува. Подготвуваме листи во сите општини и исти опции за соработка се отворени. Ги правиме сите анализи.

Објавил: Владо Марин | 21 јули, 2021 20:42

Сите што сметаат дека ДС е помала партија, ги губат изборите“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, во своето гостување во дневникот на Сител, говореше за неговата партија, која според него, е важен елемент од македонската политичка сцена години наназад.

Демократскиот сојуз над 20 години опстојува. Подготвуваме листи во сите општини и исти опции за соработка се отворени. Ги правиме сите анализи.

Поголемите партии кои што сметаат дека ДС е помала партија, ги губат изборите. Кога ние напуштаме една влада, тогаш паѓа владата. Ако сме дел од една коалиција, влечеме гласови“, вели Трајанов.

Партијата за првпат учествувала самостојно на парламентарните избори во 2002 година на кои освоила 1,2% од гласовите и не успеала да освои мандат.

Во декември 2003 година стапи во коалиција „Третпат“, заедно со Демократската алтернатива и со Социјалистичката партија на Македонија.

По повлекувањето на партијата од коалицијата пред локалните избори 2005 година, партијата останала во коалиција со СПМ, а подоцна овие две партии се приклучиле во изборна коалиција предводен од ВМРО-ДПМНЕ, во чиј состав настапиле и на парламентарните избори 2006 година. На овие избори за пратеник во Собранието на Република Македонија бил избран претседателот на партијата, Павле Трајанов. Партијата останала во коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и на трите последователни парламентарни избори во 2008, 2011 и 2014.

На парламентарните избори во 2016 година, Демократскиот сојуз учествувал во коалицијата „Коалиција за промени и правда“ составена од партиите ФроДеМ, МОРО-РП и ДЕМОС. Коалицијата освоила 10.028 гласови или 0,84% од вкупниот број на гласови и не успеала да освои пратеничко место.

На парламентарните избори во 2020 година, партијата учествувала во коалиција предводена од СДСМ и освоила 1 пратеничко место.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Двајцата соговорници истакнаа подготвеност за продлабочена соработка во рамките на Европската народна партија.

Мицкоски заедно со Николоски и Стоилковиќ остварија средба со претседателот на Република Србија и лидер на СНС Вучиќ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски денес во Белград, заедно со...

ованчев додаде дека и во земјите во регионот имаше корона вирус, но властите таму подобро се справуваа и со вирусот и со економијата.
„Таму во регионот имаше одговорни влади кои што работеа и се грижеа за стопанството, за економијата, за граѓаните.

Јованчев до СДСМ: Поради вашата неспособност Македонија бележи најлош економски резултат споредбено со земјите од регионот

„Република Македонија е со негативна стапка на раст од -4.5% во 2020-тата година, и беше...

Според судот тие го загрозиле уставниот поредок, предизвикале чувство на несигурност кај граѓаните и го нарушиле угледот на земјава.

Шест и пол години за Велјановски, 6,3 за Јанакиески и Ристовски, 6 години за Атанасовски

Судот ги прогласи за виновни за организирање на настаните од 27 април во Собранието...