Познатата пејачка Ана Бекута гостувајќи во една позната емисија во Србија проговори за своето детство, а со тоа и откри детаљ кој јавноста досега не го знаеше.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 ноември, 2019 11:40

Сите ја знаеме како Ана Бекута но ќе се изненадите од нејзиното вистинско име

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото вистина.мк

Нема кој не ја препознава Ана Бекута, која се уште зрачи со својата препознатлива убавина. Бекута може да ја видиме како дел од жирито на шоуто Ѕвездите на Гранд, а во едно ТВ интервју таа конечно за јавноста го открива своето вистинско име за кое вели дека е досадно и немала да супее во кариерата.

Познатата пејачка Ана Бекута гостувајќи во една позната емисија во Србија проговори за своето детство, а со тоа и откри детаљ кој јавноста досега не го знаеше.

-Бекута е синоним за нож, додека Ана е убаво име. Човекот со кој го правев првиот албум ми рече дека моето име Нада е досадно, а во тоа време имало околу четири пејачки со тоа име. Мене моите мештани се уште ме викаат Нада, а мислам дека кариерата ќе ја направев и со Нада Полиќ. И едната и другата личност е сублимација за тоа што навистина сум. На двете имиња сум горда, раскажува пејачката.

Таа додава дека името Ана Бекута повеќе и донело успех во кариерата.

Во 2011 година во Сава Центар го оддржала својот прв солистички концерт и оттогаш секоја година изведува концерти во арената во Белград. Во истата таа арена, во октомври 2015 година, во два наврати одржала концерти со кои ја одбележала дотогашната триесетгодишна музичка кариера.

Ана Бекута е родена во Прибојска Бања, на 6 септември 1959 српска пејачка на народна, фолк и поп-фолк музика. На естрадата е повеќе од триесет години и зад себе има бројни хитови и награди.

Родена е како Нада Полиќ во Прибој каде што го завршила и гимназиското образование. Како девојче пеела во училишниот хор и во културно-уметничко друштво. Во 1974 година на музичкиот натпревар за „Прв глас на Прибој“ го освоила второто место. Првите музички ангажмани ги добива во 1980 година, почнувајќи да настапува по ресторани и хотели ширум тогашната Југославија.

Уметничкото име Ана Бекута го зела во 1985 година по предлог на Предраг Вуковиќ Вукас, бидејќи тогаш имало повеќе пејачки кои пееле народна ммузика со име Нада, како (Нада Топчагиќ, Нада Мамула, Нада Кнежевиќ, Нада Обриќ). Во 1985 година го снима својот дебитански албум за ПГП-РТБ со име „Ти си мене варао“, во кој албум се наоѓа еден од нејзините најголеми хитови, “Не сум родена да живеам сама”. До сега снимила 18 албуми.

Најголемите хитови во нејзината кариера се песните: Крал на полноќтаЗлатиборски зориНе сум родена да живеам самаЦрвен конецБекријаИмам еден животБројаницаТаго моја црноокаСтани, стани, зороСè сум стекнала самаОлујаСпомениТреба времеРано мојаНе жалам јасТе засакав, и други.

Од 2012 година е во врска со некогашниот српски министер Милутин Мркоњиќ.Од 2014 година е особено популарна и актуелна како член на стручното жири во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Овој месец ќе биде идеален за Лавовите, кои може да се надеваат дека ќе заработат многу повеќе од претходно. Лавовите во наредниот период може да се радваат бидејќи ќе имаат среќа со парите.

ЌЕ ИМ СЕ ПРОМЕНИ ЖИВОТОТ: Хороскопски знаци кои ќе се збогатат во декември

Месец декември е последниот од годината а според астрологијата одредени хороскопски...

Имено, Весна Змијанац и без шминка отишла на пазар, а потоа камерите на „Папрацо ловец“, а како нивниот тим вели, уловиле и неколку прекршовци.

ЗАМИНА НА ПАЗАР: Весна Змијанац уловена во ШОКАНТНО издание – но направи и грешка која е СТРОГО ЗАБРАНТА

Пејачката Весна Змијанац живее како и целиот нормален свет, а тоа докажува и најновите...

- Јас со години настапувам во Будва, така да мене тоа ми е како традиција, домаѓна атмосфера. Ќе бидам таму во свјот стан во Будва, рекла Цеца, апотоа открила кој ќе ја прегрнува и бакнува за добра ноќ.

КОЈ ВЕЛИ ДЕКА НЕ СУМ СКРАСЕНА? Цеца еднаш за секогаш го објасни својот емотивен статус! ШОК!

Пејачката Светлана Цеца Ражњатовиќ ќе пее за нова година во Белград, а реприза ќе им...