Сегашни и поранешни службеници на ЦИА изразија вџашеност поради сличноста помеѓу настаните дома и знаците за опаѓањето на демократијата кои се обучени да ги забележуваат кај други нации.

Објавил: Македонка Димкин | 3 јуни, 2020 13:01

Ситуацијата во Америка им е вознемирувачкa!

Фото/Текст извор: ©вашинтон пост

Ситуацијата во Америка им е вознемирувачки позната на аналитичарите на ЦИА навикнати да ги надгледуваат општествените немири во странство – собирањето на демонстрантите, сузбивањето од страна на полицијата и покажувањето на сила од страна на лидер кој проектира авторитет, пишува „Вашингтон пост“.

­

– Веќе го имам видено ваквиот вид на насилство. Ова го прават автократите. Ова се случува во државите пред колапс. Навистина ме вознемирува – вели Гејл Хелт, поранешна аналитичарка на ЦИА задолжена за следење на настаните во Кина и во Југоисточна Азија.

Хелт која сега е професорка на унивезитетот „Кинг“ во Тенеси, вели дека глетките од немирите во американските градови во комбинација со запаливите изјави на претседателот Доналд Трамп, се ехо на судирите кои ги следеше во текот на изминатите десетина години во ЦИА, набљудувајќи го развојот на настаните во Кина, Малезија и во други држави.

Други поранешни службеници на ЦИА и на Националната безбедност имаат слични мислења.

– Ова ме потсетува на настаните од Третиот свет за кои известував со години. Садам, Башар, Гадафи. Сите го правеа ова – истакна на Твитер Марк Полимеропулос, кој порано раководеше со операциите на ЦИА во Европа и во Азија.

Поранешните разузнавачи велат дека немирите и воениот одговор на администрацијата се меѓу „мерките за пропаѓање“ за кои би предупредиле доколку би пишувале извештај за состојбата во САД, за потребите на странска разузнавачка служба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од 4 јули е во сила вонредна состојба во Краљево поради влошената едемиолошка состојба, а Макан потенцира дека повеќето млади не ги почитуваат пропишаните мерки.

ДОКТОР ОД КРАЉЕВО ОЧАЕН: Кладилниците се полни, ова е голем епидемиолошки ризик

Секојдневно се влошува и се влошува ситуацијата во Краљево, вели директорот на Институтот...

Вработениот во службата за медиуми и информации на германската влада е осомничен дека неколку години работел во египетската разузнавачка служба.

БЕРЛИН НА НОЗЕ: Во кабинетот на Меркел откриен шпион! Агентот неколку години работел за оваа странска земја!

Во кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел, откриено е лице кое со години...

Претходно, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека чека судска одлука за прашањето за евентуална промена на статусот на Аја Софија и дека ќе постапи согласно него.

АЈА СОФИЈА И ОФИЦИЈАЛНО СТАНУВА ЏАМИЈА: Ердоган ја оствари својата замисла!

Државниот совет на Турција (повисок управен суд) и официјално го поништи решението...

Истражувачите од Универзитетот во Оксфорд ги разгледале евиденциите на пациентите на британската национална здравствена служба со цел да ги идентификуваат најголемите фактори на ризик. Според пишувњата на „Дејли Меј“, оваа студија  ги проучувала медицинските записи на 17,2 милиони луѓе и скоро 11.000 смртни случаи на коронавирус во Англија.

НАУКАТА ГО ДАДЕ ОДГОВОРОТ: ЕВЕ КОЈ ТИП НА ЛУЃЕ НАЈЧЕСТО УМИРААТ ОД КОРОНАВИРУС!

Афроамериканците над 65-годишна возраст и дијабетичарите имаат најголем ризик од смрт...