Османи истакна дека ваквата помош е од големо значење за Македонија особено во овој моменто кога бројот на заразени од Коронавирус во земјава постојано расте.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 април, 2020 12:02

Сијарто во работна посета на Македонија- со себе донесе 100.000 заштитни маски и 5.000 скафандери

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Денеска на скопскиот аеросром вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи го пречека унгарскиот министер за надворешни работи, Петар Сијарто, кој во земјава допатува со специјален воен каргоавион, со пакети помош од 100 илјади заштитни маски и пет илјади заштитни скафандери.

Османи истакна дека ваквата помош е од големо значење за Македонија особено во овој моменто кога бројот на заразени од Коронавирус во земјава постојано расте.

– Северна Македонија и Унгарија имаат одлична билатерална соработка, за што сведочи и денешната поддршка, која во вакви застрашувачки времиња, кога секој се бори да обезбеди средства за сопствени потреби, покажаа навистина несебична солидарност од страна на Република Унгарија – изјави Османи, упатувајќи лична благодарност до министерот Петар Сијарто за севкупната поддршка на Унгарија за земјава.

Османи и Сијарто остварија и билатарелана работна средба. Османи посочи дека токму на него може да му се препише најголемата заслуга за добивање датум за преговори на Македонија.

„Дозволете да се заблагодарам за цврстата и гласна поддршка за нашите европски интеграции, вклучувајќи ја тука и навистина успешната мисија на еврокомесарот за проширување Вархеји, кому најмногу може да му се препише заслугата за експресното усогласување на новата методологија и, секако, исправањето на грешката од ноември минатата година преку одлуката на ЕУ за почеток на преговорите со земјава – истакна Османи, посочувајќи дека Македонија, и покрај предизвикот во справувањето со ковид-19, соодветно ќе се подготви и адаптира за почеток на преговорите.

Инаку во 12 часот е закажана и заедничка прес-конференција на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

ЗАСЕГА НЕМА ОДГОВОР КОИ СЕ ПРИЧИНИТЕ ЗА ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ЧЛЕНСТВОТО НА НАШАТА ТЕЛЕВИЗИЈА, КОЈ ОД ЧЛЕНОВИТЕ ОДНОСНО ОСТАНАТИТЕ ДИРЕКТОРИ Е ИНИЦИЈАТОР ЗА ВАКВАТА ОДЛУКА, И ЗОШТО АЛФА НЕ Е ИЗВЕСТЕНА ЗА ДА ИМА МОЖНОСТ ДА РЕАГИРА.

ММА ГО ЗАМРЗНА ЧЛЕНСТВОТО НА ТЕЛЕВИЗИЈА АЛФА ВО АСОЦИЈАЦИЈАТА

МАКЕДОНСКАТА МЕДИУМСКА АСОЦИЈАЦИЈА ГО ЗАМРЗНА ЧЛЕНСТВОТО НА ТЕЛЕВИЗИЈА АЛФА. СПОРЕД...

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

202 санкционирани возачи во Скопје, 22 за користење на мобилен, 17 без возачка

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.01.) продолжи со засилените...

Натамошно надоградување на системот за правда за децата е дел од Акцискиот План на Министерството за правда за спроведување на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор за 2017-2022, а во тек на подготовка се измени на Законот за правда за децата.

Маричиќ: Судовите се помалку изрекуваат заводски воспитни мерки за децата во судир со законот

Министерот за правда Бојан Маричиќ се обрати на панел дискусија на која се одбележа...

Убеден сум дека ќе имаме статистичка операција која ќе ги евидентира и ќе покаже релевантни и точни податоци, кои ќе ни помогнат за креирање на економските политики, рамномерни регионални планови за развој, соодветни политики во образование, култура, здравствена заштита.

Заев: Пописот е статистички процес неопходен на државата за креирање на долгорочни развојни економски политики

„Остануваме целосно посветени на успешното спроведување на пописот, на неговата афирмација...