Димитров при "крај со нервите", ако Унгарија одобри политички азил по унифицираните закони, тоа ќе значи дека ЕУ препознава политички прогон од власта во Македонија

Објавил: Мартин Попоски | 15 ноември, 2018 12:26

Сијарто го “нокаутираше” Димитров, барањето за азил е правно, а не политичко прашање

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, четири дена по бегството на поранешниот премиер, не може да се помири со фактот дека земја членка на ЕУ ќе му издаде политички азил за политички прогон.

Имено Димитров не би имал проблем кога Груевски би пребегал во Србија, Турција, Израел па дури и Москва, затоа што политички азил од овие земји и нема тежина како политички азил издаден од земја членка на ЕУ која има унифицирани закони за тоа.

Со издавањето на политички азил на поранешниот премиер, не само Унгарија, туку и ЕУ ќе потврди дека во Македонија власта врши политички прогон на неистомисленици.

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто во телефонски разговарал со неговиот македонски колега Никола Димитров денес разговарале на кратко за случајот со поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, кој пребега и побара азил во Будимпешта. – соопшти МНР на Унгарија.

Сијарто му кажал на Димитров дека барањето на Груевски за азил во Унгарија е правно, а не политичко прашање и дека унгарските власти ќе одлучуваат целосно според меѓународното право.

Во разговорот што бил инициран од македонска страна Сијарто нагласил дека Македонија и натаму може да смета на силната поддршка од Унгарија во процесот на интегрцијата во ЕУ и НАТО.

Македонското МНР не излезе со соопштение за овој разговор.

Кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, пак, вчера потврди дека Груевски поднел барање за азил.

Со оглед дека 10-тина години беше премиер, поради безбедносни причини унгарските власти дозволија Никола Груевски барањето за азил да го достави и да биде сослушан во седиштето на Канцеларијата за имиграции и азил во Будимшпешта. – соопштија од кабинетот на Орбан, нагласувајќи дека продолжува унгарската поддршка за Македонија која, како што е наведено, е стратешки пратнер и сојузник на Унгарија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.