Видео

Објавил: Калина Мартинска | 18 јули, 2024 14:58

Сиљановска Давкова во посета на зоната на пожари – одлука за ангажирање на дополнителни 200 армиски припадници

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска ги посети припадниците на Армијата вклучени во гаснењето на големиот шумски пожар на планината Серта, кај неготинското село Калањево.

Сиљановска Давкова од страна на директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, беше информирана за актуелната состојба со пожарите и активностите што се преземаат за нивно локализирање.

Местото на претседателката како врховна командантка е таму каде што има припадници на војската. Утрово рано ја потпишав одлуката за ангажирање на дополнителни 200 припадници на Армијата во гасењето на пожарите. Ова денеска го рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која денеска ги посети припадниците на Армијата вклучени во гасењето на големиот шумски пожар на планината Серта кај неготинското село Калањево, посочувајќи дека кога ќе престанат пожарите, потребно е веднаш да се разгледа Законот за управување со кризи и да се преиспита организацијата внатре.

„Верувам во нивната способност зашто секогаш кога било најтешко, тие се наожале на вистинскот место. Се зголемува бројот и можностите за ангажман. Јасно ми е зошто сонцето на нашето знаме. Не е само нашата република во пламен, сиот Балкан е во пламен“, рече таа.

Уверена е во способноста на директорот на ЦУК Стојанче Ангелов и неговиот тим, како и во подготвеноста на војниците и пожарникарите.

„Го слушав Стојанче и неговите предупредувања, мирна сум знаејжи дека генералот зад мене ќе ја преземе командата со војниците. Знаеме дека се работи за врвно едуцирани пилоти, не само вешти, туку и пожртвувани и храбри. Се молам да падне дожд, експерт за климатски промени ми рече дека може да очекуваме дожд, иако не значи дека тоа ќе ја реши ситуацијата. Таму каде е најопасно имаме луѓе“, рече таа.

Врз основа на укажаната потреба и побарувања за поголем обем на ангажман во гасењето на пожарите, претседателката Сиљановска Давкова изутринава донесе одлука за ангажирање на дополнителни 200 припадници на Армијата во напорите за гасење на пожарите, со што вкупниот број на ангажирани армиски припадници е 300.

Кабинет на Претседател на Република Северна Македонија

Припадниците на Армијата од составот на Командата за операции и Командата за обука и доктрини ќе извршуваат активности по насока на Центарот за управување со кризи, кој е надлежен за координација на сите вклучени институции.

Прочитај и ова:

Дел од пилотите преморени, се отстрануваат ситни дефекти кај воздухопловите – се зголемува бројот на војници кои ќе помагаат во гаснењето

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.