
Македонија
Вести
Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова остварила телефонски разговор со српскиот колега Александар Вучиќ.
Во разговорот беа потврдени одличните билатерални односи и беше истакната подготвеност за натамошно унапредување на македонско – српското пријателство, за конкретизирање на соработката во повеќе области и јакнење на меѓусебната поддршка во однос на европските перспективи и процесите на евроинтеграција на двете земји.
Во пресрет на државниот празник 2 Август – Илинден, а во духот на добрососедските односи и заложбите за продлабочување на пријателските врски меѓу двата народи, претседателката Сиљановска Давкова и претседателот Вучиќ, изразија подготвеност заеднички да го посетат манастирот Св. Прохор Пчински и да ја одбележат 80. годишнината од одржувањето на првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ).
Во разговорот, претседателката Сиљановска Давкова изрази благодарност до претседателот Вучиќ за укажаната помош во справување со актуелните шумски пожари во земјава и ја потенцираше неопходноста и важноста од засилена регионална соработка во справување со природните катастрофи, соопштија од Кабинетот на претседателот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.