Меѓу кои и амбасадорот во НАТО Дане Талевски

Објавил: Калина Мартинска | 12 ноември, 2024 16:35

Сиљановска-Давкова отповика седум амбасадори

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова потпиша укази за отповикување седум вонредни и ополномоштени македонски амбасадори во пет земји и две организации.

Седум амбасадори се отповикани од функцијата со укази на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, кои се објавени вчера во Службен весник.

Станува збор за повлекување на амбасадорите на Македонија во НАТО, Дане Талески, на Данчо Марковски од Албанија, на Фатон Бејта од Данска, на Сали Лимани од Казахстан и од Катар на амбасадорот Шабан Јашари.

Отповикувани се и амбасадорката Теута Агаи Демјаха, која е шефица на Постојната мисија на Северна Македонија во ОН во Женева и амбасадорката при Светата Столица во Ватикан, Марија Ефремова.

Согласно указите, мандатот на Талески во Постојаната делегација на Република Македонија при НАТО, со седиште во Брисел престанува заклучно со 14 јануари, 2025 година, а на останатите амбасадори заклучно со 30 ноември, годинава.

Указите стапуваат во сила со нивното објавување во Службен весник, а ќе ги изврши министерот за надворешни работи и надворешна трговија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.