
Македонија
Вести
„Разменети се и мислења за последниот попис спроведен во Албанија и ставот на претставниците на Македонците, што не ги преземаат објавените резултати“, се вели во соопштението од претседателскиот кабинет
Поддршка за унапредување на правата македонското национално малцинство во Република Албанија изразила претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на денешната средба со делегацијата предводена од Васил Стерјовски, претседател на Македонската алијанса за европска интеграција од Република Албанија.
„На средбата претседателката е информирана за севкупните активности на партијата, насочени кон афирмација и унапредување на положбата на македонското национално малцинство во Република Албанија“, се вели во соопштението од претседателскиот кабинет.

Претседателката повика на заедништво и обединет настап во работата за подобрување на нивната положба.

Претседателката ја нагласи и важноста од пописот, секогаш, без исклучок да ја отсликува реалноста во секое општество.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.