Новата претседателка

Објавил: Калина Мартинска | 12 мај, 2024 13:51

Сиљановска Давкова се заколна дека ќе ја штити не „Северна“ туку Македонија

Фото/Текст извор: ©mkd.mk

Новата претседателка на Македонија Гордана Сиљановска Давкова ја даде свечената заклетва со што стана 6-ти по ред шеф на државата од независноста на Македонија. При давањето на заклетвата Сиљановска Давкова наместо уставното име го употребуваше името Македонија.

По заклетвта, свеченото обраќање, Сиљановска Давкова им го посвети на жените, а на мажите политичари им порача да бидат витези кои ќе им помогнат на жените за една подобра Македонија. Во знак на револт поради употребата на името Македонија од страна на Сиљановска Давкова, грчката амбасадорка во земјава, Софија Филипиду демонстративно замина од собраниската ложа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.