Mинистерот за здравство, Арбен Таравари потпиша разрешување на осум економски директори на клиники во Скопје, кои беа вршители на должност.
Меѓу нив е директорката на Токсикологија, Бесија Иљази, која предизвика контроверзи со својата работа.
Разрешени се економските директори на Клиниката за неврологија, Ендокринологија, Максилофацијална, Дерматологија, Ревматологија, Физикална медицина, Токсикологија, Стоматолошката и Психијатриската клиника.
Министерот Таравари вчера рече дека за месец-два нема да има економски директори.
Таравари денеска разрешува 7-8 економски директори од вкупно 14
За тие што се со малку поголем мандат, ќе ни требаат измени на законот. Не сакам да нѐ тужат тие што имаат мандат до август-септември, па да одиме по судови – рече Таравари при преземањето на функцијата.
Економските директори во клиниките беа воведени во 2006 година. На Клиничкиот центар и во другите болници, вкупно имаше околу 30 економски директори, за што од буџетот само за плати годишно се трошеа нешто повеќе од половина милион евра.
Колку ќе заштеди здравството со укинувањето на организациските директори?
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.