Владата со уредба го забрани групирањето на повеќе од пет лица, а тоа го прекршиле сите, вклучувајќи ги и двајцата полицајци со високи чинови во МВР, односно кои работат како началници во две различни полициски станици.

Објавил: Владо Марин | 24 април, 2020 13:24

СКАНДАЛОЗНО ВИДЕО: Началници во МВР со десетина лица виеле оро во време на полициски час!

Фото/Текст извор: ©A1 он

Забава со караоке шоу и ора се виеле во тетовското село Копанце, каде присуствувале и полициски службеници за време на најдолгиот полициски час во земјава.

Од снимките до кои дојде „А1он“ може да се види дека на забавата имало повеќе од десет лица, а журката траела до доцните вечерни часови.

Владата со уредба го забрани групирањето на повеќе од пет лица, а тоа го прекршиле сите, вклучувајќи ги и двајцата полицајци со високи чинови во МВР, односно кои работат како началници во две различни полициски станици.

„Во првичната пријава во СВР Тетово, меѓу другото, било наведено дека меѓу учесниците на  забавата во село Копанце имало и вработени во МВР-СВР Тетово“, велат од Министерството за внатрешни работи за „А1он“.

Гласната музика која им пречела на соседите била пријавена во полицијата, но за време на интервенцијата, полициските службеници не затекнале никого, а музиката била исклучена. Уште пред тие да пристигнат, дворот за кој било пријавено дека има журка бил празен. Ова го потврдија и од Министерството за внатрешни работи.

„Веднаш по пријавата излезено било на местото на настанот од полициски службеници, кои по пристигнувањето не констатирале ваков случај и не биле затекнати лица“, додаваат од МВР.

Сепак, снимките до кои дојде „А1он“ покажуваат дека имало забава во тетовско Копанце, а дали имало дојава за пријавата и интервенцијата кај началниците кои биле присутни на журката, веќе испитува СВР Тетово.

„СВР Тетово интензивно ги испитува овие поединости содржани во првичната пријава и работи на расчистување на настанот“, велат од МВР за „А1он“.

http://https://youtu.be/6dDdfPOmXWI

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...