Албанецот со сето срце не сака друго, освен Албанија, која му даде име, но му даде и храброст. За храбри сте храбри, ова и самите го знаете, но каква полза има за татковината кога не е таа што била. Стремете се кон Албанија, да се спасите од оваа опасност, да кренете глава, спасете се од нивните канџи, а потоа да бидете среќни.

Објавил: Стојче Бушин | 15 август, 2020 20:18

Скандалозно обраќање на братот на Али Ахмети: Стремете се кон Албанија за да се спасите од оваа опасност

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Фекри Ахмети, братот на Али Ахмети, лидерот на ДУИ, преку видео порака во јавноста се обрати до Албанците, но истовремено и со скандалозни квалификации за Македонците. 

„О Албанци, соберете се денес за единство, бидејќи само неразделни можете да напредувате. Знаење и слобода се стекнуваат само кога ќе постои љубов, инаку тие исчезнуваат и живееме како партии.

Не се карајте, не се разделувајте оти непријателите тоа и го очекуваат, но братството чувајте го и нека цркнат во сопствениот инает. Не ги слушајте што велат тие дека сме исто племе со нив, така тие се навикнати да доминираат секогаш, тие никогаш не сакаат да нè гледаат како напредуваме, туку да бидеме сите неуки и постојано да нè водат. Албанецот, велат дека не може да биде цивилизиран, затоа што нема јазик за пишување. Како можеме да бидеме браќа со непријателот, кога тој самиот бесрамно нè става во опасност.

Албанецот со сето срце не сака друго, освен Албанија, која му даде име, но му даде и храброст. За храбри сте храбри, ова и самите го знаете, но каква полза има за татковината кога не е таа што била. Стремете се кон Албанија, да се спасите од оваа опасност, да кренете глава, спасете се од нивните канџи, а потоа да бидете среќни.

Ако сте родољуби и Албанци, сплотете се како што беше во времето на Скендербег“ – рече братот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Го преспа цело лето, а не направи ниту еден нов болнички капацитет, не го зголеми медицинскиот персонал, ниту пак набави вакцина против сезонски грип.

Хаосот кој го живееме е резултат на неспособноста на Филипче

ВМРО-ДПМНЕ го обвини министерот за здравство Венко Филипче дека потфрлил, откако вчерашните...

Тие велат дека со години градот не им ги дава тешко заработените пари и дека веќе немаат друг избор освен, повторно да се обидат преку суд да го добијат тоа што им следува.

Пожарникарите на протест за плата – „Не ги држиме со сила на работа“, вели Шилегов

Скопските пожарникари иако пред осумнаесет месеци добиле судска пресуда со која им...

Малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за половина денар.

Ова се новите цени на нафтата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) донесе одлука за намалување...