Професорот Илија Ацески веќе неколку години укажува на тоа дека високото образование, а пред се УКИМ е заглавен во корупција.

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 7 март, 2020 14:52

СКАНДАЛОЗНО: Професорот Ацески пријавил корупција до Заев, по што му ја забраниле книгата.

Фото/Текст извор: ©магазин

Професорот Илија Ацески кој на македонската јавност и е познат по тоа што неколку години се бори против корупцијата во високото образование изнесе шокантно тврдење на својот фејсбук профил. Имено професорот, има напишано книга која е насловена „Универзитетот во беспаќе“ а во книгата е изнесена анализа за состојбите во високото образование пред се на УКИМ. 

Илија Ацески беше професор на Филозофскиот Факултет во Скопје. На македонската јавност и е познат по неговите јавни настапи во кои укажува на длабока корупција во системот на високото образование.

Ацески тврди дека прогрес во високото образование, но и во општеството не може да постои бидејќи постои корупиција во високото образование. Таа може да се види преку непотистичките вработувања пред се, а потем и преку мешање на Министерство за Образование во работата на универзитетот. Според Ацески политиката години наназад се вгнездува на универзитетите каде што бара свои послушници, потрчковци и млади карди кои треба да работат на кампањите на партиите. Со политиката се врзани сите раководни позиции и декани и ректор на универзитетот, поради тоа тие не можат да дозволат развој на критичка мисла врз која треба да се темели нормално општество.  

Скандалозно е тоа што по објавување на книгата „Универзитетот во беспаќе“ во која се изнесени горенаведените тези, книгата била забранета за користење и влез во предметната програма. Неколку пати професорот Ацески се обидел да аплицира за хонорар за принтање на книгата, но како што вели, никому не му одговара да се знае вистината. Според него властите подржуваат лаги и манипулации инаку не би се одржале на власт. 

Неколку пати Ацески протестираше пред влезот на Ректоратот на УКИМ, ја заинтригира медиумската јавност со својот ангажман, но сепак властите и понатаму немаат слух за него. На УКИМ ништо не е сменето, само се ветуваат повисоки плати за професорите од кои голем дел се вработени поради непотизам. 

Денеска на својот фејсбук профил професорот Илија Ацески објави вест во која се споменува дека Заев ветувал награди за секој што ќе пријавел мито и корупција. Тоа е дел од неговата партиска програма со која истапува на следните парламентарни избори на 12 април 2020 година. Бидејќи фокусот на СДСМ ќе биде правосудниот систем, Заев ветува дека сите случаи одсега ќе се бори да ги решава системот на правдата. 

На таа вест професорот Ацески луцидно одговори со коментар: „Јас корупција пријавувам неколку години наназад и наместо да добијам награда, добив забрана за печатење на книгата – Универзитетот во беспаќе“. 

Овој коментар ја отсликува реалната заложба на политичарите во односот кон митото и корупцијата. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје ќе поднесе кривична пријава против десет лица од Скопје, вработени во АД Пошта, подружница Чаир, заради постоење на основано сомневање дека сториле кривичните дела “Проневера во службата“ и “Фалсификување службена исправа“.

Кривична за десет вработени во АД ,,Пошта“ -украле 1.570.822 денари од сметки на граѓаните

Кривични пријави против десет лица од Скопје за проневера во службата и злоупотреба...

За ваквиот срамен инцидент набрзо се дознало и во дипломатскиот кор во Загреб, но и во хрватското МНР каде се шокирани од однесувањето на македонските дипломати и начинот на кој ја претставуваат државата.

БРУКА ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ЗАГРЕБ: Амбасадорот во Загреб го натепал секретарот!

Нов дипломатски скандал го тресе Министерството за надворешни работи, предизвикан...