Македонски егзодус на униформи

Објавил: admin@magazin | 8 април, 2019 8:20

Скандалозно: Стотици војници, лекари и полицајци дале откази

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Доктори, полицајци и војници си дале најголем број доброволни откази во јавните служби на Македонија.  За егзодусот на униформи зборуваат податоците од  Министерство за информатичко општество и администрација, според кои во текот на 2018 година од страна на државните институции: 524 вработени си дале отказ, а на почетокот од 2019-та таа бројка изнесува162 вработени во јавниот сектор, објави Алсат М.

„Тоа е првенствено за технички области, инженери и архитекти; медицинскиот персонал, особено лекарите и медицинските сестри, се откажувааат од јавниот сектор бидејќи ја напуштаат државата “, вели Манчевски.

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА

ВО ТЕКОТ НА 2018 ГОДИНА ОД АРМ ДАДОА ОТКАЗ:

Осум офицери

18 подофицери

73 професионални војници

Еден од цивилен персонал

ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ ОД 2019 ГОДИНА, ОД АРМ ДАДОА ОТКАЗ:

Пет подофицери

20 професионални војници

Заменик министерот за одбрана, Беким Максути, вели дека за да се запре овој тренд, од септември се планира зголемување на платите за 5 насто. Според него, и испраќањето во мировни мисии е мотив војниците кои претходно не биле на Блискиот Исток, да добијат 20.000 евра за шестмесечна служба.

Министерот за администрација, Дамјан Манчевски, вели дека причината поради која квалификуваните вработени го напуштаат јавниот сектор, покрај најдобрите понуди во приватниот сектор во земјата, исто така е и заминувањето во странство. Тој вели дека заедно со Министерството за финансии и ресорот за труд и социјална заштита се обидуваат да го задржат дефицитарниот кадар.

Извор и Фото: Алсат М

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија