Сик, кој е на слобода откако поднел жалба на пресудата, изјавил дека студијата јасно посочува дека водните ресурси се токсични.

Објавил: Рејхан Бајрами | 29 септември, 2019 11:15

СКАНДАЛОЗНО: Турски научник осуден поради откритие на загадување што предизвикува рак!

Фото/Текст извор: ©факултети.мк

Турскиот научник Булент Сик е осуден на 15 месеци затвор бидејќи ја открил врската меѓу токсичното загадување на западот на Турција и опасноста од добивање рак затоа што, како што навел судот, тој открил доверливи информации, пренесува „Ал Џазира“.

Сик минатата година ги соопштил резултатите од научната студија спроведена од 2011 до 2015 година за министерството за здравство на Турција, а од која е утврдено дека токсичноста на земјата, водата и на храната го зголемува ризикот од добивање рак во неколку турски провинции во западниот дел од земјата.

Турскиот научник Булент Сик! Фото: Ал Џазира

Научникот напишал неколку статии на таа тема за весникот „Џумхуријет“ откако увидел дека властите не презеле ништо.

Сик, кој е на слобода откако поднел жалба на пресудата, изјавил дека студијата јасно посочува дека водните ресурси се токсични.

– Судската одлука покажува дека може да се сокријат резултатите од студија која се однесува директно на јавното здравје. Тоа е неприфатливо – истакна тој.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Цели семејства, со поспани деца во рацете, се упатија кон градот Агуа Калиенте, недалеку од границата со Гватемала, рано утрово.

КАРАВАН ОД 4.000 МИГРАНТИ ТРГНА ВО АМЕРИКА: Немаме друг избор, тука ќе умреме(ВИДЕО)

Мигрантите од Хондурас, бегајќи од сиромаштијата, се упатија кон САД денес преку границата...

Грција, која заработува многу пари годишно од туризам, сака да ги оживее патувањата пред да започне летната сезона и веќе направи шаблон за тоа како треба да изгледа сертификатот за вакцинирана личност.

МИЦОТАКИС ЈА ПОВИКА ЕУ да направи СЕРТИФИКАТ ЗА ПАТУВАЊЕ: Вакцинацијата не е задолжителна, но ќе има олеснување за вакцинираните лица

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ја повика ЕУ да создаде заеднички сертификат...

„Во сето ова, претседателот Трамп сериозно ја загрози безбедноста на САД и владините институции“, се вели во резолуцијата.

КОЈ САКА ДА ГО УНИШТИ ТРАМП?! Претставничкиот дом официјално покрена импичмент против Доналд

Демократите во Претставничкиот дом на САД денеска официјално ќе ја објават својата...