Гоце Савевски е сопственик на фирма за вградување и инсталирање на камери. Во исто време додека се занимава со својот бизнис, Савевски има уште една општествено значајна улога. Тој е директор на СОУ „Гошо Викјентиев“. Директорската позиција во рамките на едно училиште е сериозна работа која бара посветеност. Особено директорите поради тоа што имаат управни функции мора да се занимаваат со сите аспекти од педагошко-дидактичкиот процес кој се случува внатре училиштето.
Поради тоа што Савевски е директор на средно училиште неговата одговорност кон учениците и педагозите е уште поголема бидејќи станува збор за деца кои се во период на пубертет и адолесценција. Образованието и воспитанието на децата во овој период е секако отежнат процес поради психичките процеси на еманципација на личноста и самопотврдувањето кои ги опфаќаат промените и случувањата во пубертетот и адолесценцијата.
Во овој период децата исто така ги градат своите навики, естетички капациети, ставови, забрзан е кај нив телесниот и когнитивниот развој па поради тоа од исклучителна важност е да бидат опкружени со пред сè здрава животна околина, а потем и со нормални социјални услови за функционирање. Аранжирањето на просторот е значајно од аспект што придонесува за создавање на менталната слика кај децата за тоа како треба правилно да биде дизајниран просторот од функционална гледна точка, а потем и од естетска. Во исто време социјалното опкружување е доста значајно за градење на понатамошни односи и етаблирање на круцијалните вредности од заедницата.
Сепак, некои педагози и директори не ја разбираат својата улога на овој начин, за нив директорската позиција е само услов за можност за развој на нивниот приватен бизнис
Таков пример е горенаведениот Гоце Савевски кој го искористил буџетот на училиштето „Гошо Викјентиев“ за покривање на трошоци кон својата фирма кои произлегуваат од инсталирање на камери во училиштето. Во исто време додека по ќошевите на училиштето висат камери од секоја страна кои снимаат малолетни деца, подовите на училиштето се во распад и училниците немаат елементарни услови за функционирање.
Со овој гест Гоце Савевски направил неколку престапи:
- Злоупотреба на службена должност и конфликт на интереси со тоа што го употребил буџетот на училиштето за набавување на апарати и услуги од компанијата чиј сопственик е.
- Инсталирал камери на јавен објект што не е противзаконски, но е апсолутно не потребно и од безбедносна страна, но и од аспект на тоа што најчестите кадри се со деца кои се малолетни и чија слобода и однесување се ограничува. Со поставувањето на камери што е механизам и на контрола децата се насочуваат на погрешен начин, разбирајќи ја камерата и другите контролни механизми како нормална појава. Така се создаваат собмисивни и послушни луѓе кои се склони кон конформизам.
Како медиум не би сакале да навлегуваме во оправданоста токму овој човек да биде на директорската позиција. Но со оглед на тоа дека постојат јавно достапни докази за неговото политичко и партиско определување, ќе ви предочиме само една фотографија која можете да си ја протолкувате сами. Дали поради ова фотографија токму Гоце Савевски е директор на училиштето или поради својата компетентност и стручност, останува да процените сами.
Автор: Стојмановиќ Магдалена
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.