Спорт
Свет
Натпреварот од последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и истанбулски Башакшехир беше прекинат поради расизам во 22-та минута од натпреварот!
Демба Ба, играч на турскиот клуб, доби црвен картон и иако беше на клупата, веројатно поради приговор.
И, наводно, тоа се случило затоа што четвртиот судија му соопштил на Пјер Веб, член на стручниот штаб на Башакшехир, дека тој е „црн“, па играчите на турскиот клуб револтирано го напуштија теренот.
Демба Ба доби црвен картон поради гласните протести.
После тоа, гостите демонстративно заминаа во соблекувалната.
Судијата на натпреварот е тројка од Романија, предводена од Овид Хатеган, а четвртиот судија е исто така од оваа земја, Себастијан Колческу.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Свет
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.