понеделник, 17 јуни 2019

MK/ EN/ DE



Нора Красниќи, која е в.д. главен инспектор за здравство во косовското Министерство за здравство, по скандалот за тамошните медиуми изјави дека при инспекцијата во тие приватни болници утврдила дека се вршеле нелегални активности.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 јуни, 2019 16:24

ХОРОР ВО ПРИШТИНА: Затворени четири болници, тргувале со човечки органи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Против 17 здравствени работници и персонал Приштинска инспекција поднесе кривични пријави а затвори четири болници во Приштина, поради сомневање за нелегална трговија со човечки органи.  Сите тие предмети се во истражна постапка.

Нора Красниќи, која е в.д. главен инспектор за здравство во косовското Министерство за здравство, по скандалот за тамошните медиуми изјави дека при инспекцијата во тие приватни болници утврдила дека се вршеле нелегални активности.

При инспекција на четирите приватни болници кои беа затворени  беше утврдено вршење нелегални активности, изјави Красниќи.

Инспекција привремено затвори четири болници во Приштина, и против 17 здравствени работници и персонал поднесе кривични пријави. Фото Медиа Принт

Здравствената инспекција, заедно со косовската полиција, спроведе инспекции во некои приватни болници со лиценца за давање услуги во областа на медицинското оплодување.

Портпаролот на полицијата изјави дека Одделението за спречување трговија со човечки органи во инспекцијата утврдило низа криминални дела, незаконска трансплантација и трговија со човечки органи во тие болници.

Инаку ова не е прв ваков случај во Приштина. Минатиот месец исто така беа уапсени пет лица од една приватна клиника во Косово под сомнение дека извршиле незаконски трансплантации и тргувале со човечки органи.

Претходно, во Косово осудени се неколку лица поради нелегална трговија со органи во клиниката „Медикус“ во Приштина.

Трговијата со органи во Приштина е посочена и во извештајот на специјалниот известувач на Советот на Европа, Дик Марти. Во извештајот стоеше поврзаноста на поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово (ОВК) со организираниот криминал. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Исто така, вели дека државата ќе се обиде да ја заврши работата за ИМТ и за тој простор да добие 90 или 100 милиони евра.

Вучиќ закасни поради лошиот пат, најави итна обнова, а кај нас за патиштата се примижува

Српскиот претседател Александар Вучиќ, откако задоцни во посета на Књажевац поради...

По забавата со пријателите Долорес и Стојан тргнале на пат за Загреб, на 23 октомври 2013 година, во 6.45 утрото, нивниот автомобил, кој го возел Матавуљ, се судрил со друг автомобил. Од силината на двата автомобили слетале од патот, а младата актерка, иако била врзана, излетала низ прозорот.

БАЛКАНОТ ЗАНЕМЕ ОД БОЛКА: Актерката почина на истото проколнато место каде и нашиот Тоше

На местото каде почина нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески згасна живот и...

Од вчера во Приштина е тогашниот американски претседател Бил Клинтон, а по него пристигна и тогашната државна секретарка Медлин Олбрајт, кои во главиот град на Косово ќе добијат признанија.

Клинтон на прослава во Приштина

Косово денеска од 11 часот на главниот плоштад во Приштина ќе одбележи 20 години од навлегувањето...

И по долги години јавноста се уште чита разни наслови поврзани со животот и смртта на Маршалот.

Конечно вистината излезе на виделина: Еве која е причината поради што нема петокрака на гробот на ТИТО

Доживотниот претседател на поранешна Југославија, Јосип Броз Тито, или познат како...


Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial