Како што пишува во законите во Република Македонија, овие лица ако продолжат со обештетување на селаните и нивната имовина ке бидат соодветно санкционирани и изнесени пред судските органи!

Објавил: Рејхан Бајрами | 2 мај, 2021 18:36

СКАНДАЛ НА ВЕЛИГДЕН ВО ОРЛАНЦИ: Повторна интервенција на полицијата со истите граѓани кои пред неколку недели запалија голем дел од селото?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска на најголемиот христијански празник Велигден во село Орланци, Кичевско се случи невиден скандал. Имено во текот на денешниот ден истите лица што пред неколку недели се обидоа намерно или “ненамерно” да го запалат селото Орланци Љ.Р и Ј.Р, ја исклучиле селската кичевска вода, која не е во нивна сопственост се со цел да ги избркаат луѓето кои овој викенд сакале да го поминат во мир денешниот празник!

Имено Љ.Р и Ј.Р во повеќе наврати се обидуваат да направат штета и проблеми на неколку семејства во село Орланци.

За срамот да биде уште поголем истите лица пред неколку недели беа на увид во кичевската полиција бидејќи запалија голем дел од селото и направија голема материјална штета кај неколку комшии!

За тој случај интервенираше и Кичевската полиција.

Лицата Љ.Р и Ј.Р ја исклучуваат кичевската селска вода за која на многу луѓе им е потребна, бидејќи неколку лица живеат таму и ја користат во секојдневието! 

Орланци — мало село во областа Рабетинкол, во Општина Кичево, во околината на градот Кичево!

Во текот на денешниот ден истите лица Ј.Р и Љ.Р биле повторно пријавени во полицијата а според наши сознанија, полицијата повторно интервенирала во нивниот дом во Кичево, се со цел да спречи оштетување на личната употреба на жителите.

Како што пишува во законите во Република Македонија, овие лица ако продолжат со обештетување на селаните и нивната сопствена имовина ке бидат соодветно санкционирани и изнесени пред судските органи!

Во наредните денови нашата екипа ќе дознае повеќе информации за овај скандал кој беше предизвикан на најголемиот христијански празник Велигден!

Селото се наоѓа во Кичевската Котлина, во областа Рабетинкол, во источниот дел на територијата на Општина Кичево.

Селото е ридско, на надморска височина од 700 метри.

Од градот Кичево е оддалечено 7 километри и лежи во подножјето на планината Челоица.

Селото е познато во Кичевско, сместено во подножјето на југоисточната падина на масивот Голи Рид. Околни села се: Челопеци, Речани и Крушица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

Мицкоски тврди дека градот Загреб набавил иста противпожарна скала како град Скопје, но за двојно пониска цена.

Мицкоски: Загреб истата противпожарна скала ја платил 800.000 евра, а Шилегов 1.700.000 евра

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва ја продолжи расправата со...

Каде е Рашковски денеска новинарите го прашаа и премиерот Зоран Заев, кој рече дека не знае за секој вработен во Владата каде е и дали можеби некој користи одмор и најави дека ќе провери каде е Рашковски и ќе ја информира јавноста.

Рашковски за Фокус: Со семејството сум на одмор во Мексико, нема место за сензација

Со семејството сум на годишен одмор во Мексико, нема место за сензација, вели во изјава...