понеделник, 21 октомври 2019

MK/ EN/ DE



Како што пишува Фокус, овие надоместоци понекогаш биле во висина колку и нивната редовна плата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 септември, 2019 17:56

СКАНДАЛ: Обвинителките од СЈО добивале висок надоместок за да молчат

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Шокантни детали откива емисијата „Код“ за специјалните јавни обвинители, кои добивале надоместок поради доверливоста на нивната работа околу прислушувањето на „бомбите“.

Како што пишува Фокус, овие надоместоци понекогаш биле во висина колку и нивната редовна плата.

СЈО беше формирано на 15 септември 2015 со усвојувањето на Законот за формирање на ова обвинителство и со изборот на Катица Јанева за Специјален јавен обвинител од страна на Советот на јавни обвинители на РМ. СЈО имаше мандат од пет години, кој може да се продолжува со двотретинско мнозинство во Собранието. Неговата главна задача беше да ги истражува и гони можните злоупотреби кои произлегуваат од прислушкуваните материјали во периодот од 2009 до 2015 година.

Обвинителите за дополнителниот хонорар кој го добивале се обврзале да молчат до крајот на животот. По завршувањето на мандатот на шефицата Катица Јанева никој не може да ја ослободи од тајност, дознава „Код“.

Додатоците на платата се исплаќани по основ на договорни услуги. Токму ставката за договорни услуги е највисока во финансиските извештаи на СЈО за последните три години. Под договорни услуги се подразбираат исплати за вештачења, консултантски услуги, но и дотатоците кои се исплаќани на вработените, а кои се тајна одлука.

За договорни услуги најмногу се исплатени во 2018 година, или 2 милиони евра. Претходната година по овој основ се исплатени 1.600.000 евра од буџетот на СЈО.

„Код“ ги споредува и финансиските извештаи на СЈО со оние на Обвинителството за организиран криминал и корупција, кое го води обвинителката Вилма Русковска. Споредбата говори дека СЈО имало 8 пати повисок буџет од буџетот на Русковска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Миле Јовановски и Виктор Стојчев се соседи. Јовановски е обвинет дека физички го нападнал Стојчев и тешко го повредил. Сведок на настанот бил и Боки 13, кој денес заради економичност на постапката не беше спроведен од затворот во Шутка каде што е во притвор како обвинет во „Рекет“. Но, тој ќе сведочи понатаму, пишува СДК.мк

НЕ СУМ СТАЛОНЕ ДА ГО ИСТЕПАМ ПОПОТ ЗА МИНУТА – вака дрско одговори таткото на Боки 13 по судењето за физички напад

Без воопшто да го извести судот, скопската обвинителката Имран Османи едноставно не...

Двајца возачи на патничко моторно возило, сопатник и еден пешак биле тешко повредени во четири од вкупно 30 сообраќајни незгоди што изминатиот викенд се случиле на подрачјето на СВР Скопје.

КАДЕ ЌЕ МУ ОДИ ДУШАТА: Со автомобил помина на црвено, удри пешак кај Соборна и избега

Сообраќајна несреќа се случила денеска на раскрсницата кај Соборен Храм. -Пред 5 мин....

Исто така една изборна единица е предлог од 12 пратеници меѓу кои има и вонпарламентарни а според нив ќе обезбеди плурализација, поголем избор за граѓаните и демократизација.

Изборите повторно без попис – Македонците повторно не избројани

Одлуката за предвремени парламентарни избори токму во април кога конечно требаше...


Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial