
Македонија
Вести
Музичката редакција на Магазин откри голем музички СКАНДАЛ. Имено до скоро популарниот пејач Влатко Јаневски ја присвоил песната од Massimo Ranieri “Perdere l’amore” (Ја изгубив љубовта), И си ја објавил како своја под наслов “Ако не те сакам”. Оваа песна на популарниот италијански пејач Массимо Раинире има 29 милиони прегледи на Јутубе и е повеќе од хит.
Сакајќи да ја дознаеме вистината на дојавите кои стигнаа до нас, проверивме на Јутубе каналот на Владо Јаневски насловен како Владо Јаневски ТВ. Владо на неговиот канал ја постирал како своја песна. Имено на Аранжманот се потпишал Дамир Имери кој претпоставуваме кога аранжирал песната морал да знае од кого е. Во случајов соучесник во оваа музичка кражба е и познатиот Македонски музички продуцент и аранжер Дамир Имери.

Ова е невиден СКАНДАЛ бидејќи во сите овие години Владо Јаневски ја претставува оваа нумера како своја. Фактот дека песната на Владо Јаневски е плагијат тс. 100% копија од Pedere l’amore е сигурно шок за неговите фанови.
Дури и текстот иако се гледа дека Влатко се потрудил да го поправи се совпаѓа во многу зборови како на пример: „А сега одете си сите сакам да сум сам„ со разлика што во оригиналот зборовите се појавуваат на почеток а во нумерата на Јаневски во четвртата строфа.
Сепак останува нејасно и неодговорено уште прашањето уште колку песни украл овој наш Македонски пејач? Што се однесува до музичкиот перформенс мораме да бидеме искрени и да признаеме дека Јаневски нумерата одлично ја отпеал. Тој песната „Ако не те сакам„ ја објави во 2004 година во склоп на Албумот „Ваков или таков„.
Владо Јаневски (роден на 27 ноември 1960 во Скопје), познат и како Владо, е македонски пејач, тој е активен како пејач и текстописец дури од далечната 1978 година. Во 1998 година тој победи на прелиминарните избори во Македонија во натпреварот за избор на песна на Евровизија во 1998 година со текстот напишан од него “Не зори зоро” и музика на Григор Копров .Тој треба да биде прв претставник на Македонија на Евровизискиот натпревар. Владо го достигна 19 место во Бирмингем од вкупно 25 учесници.
Во продолжение ви ги претставуваме двете видеа (се надеваме дека Владо ќе ја исправи грешката и ќе им се извини на фановите)
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.