Ковачки цитираше и дел од брифинзите, а потенцира и оти биле давани насоки и се договарани и физички пресметки како и закани по живот за прилепчани.

Објавил: Рејхан Бајрами | 24 октомври, 2021 15:54

СКАНДАЛ: Полицајци блиски до СДСМ договарале малтретирање на граѓани за изборите

Фото/Текст извор: ©магазин

Полицајци блиски до СДСМ следеле членови на ВМРО-ДПМНЕ за време на изборната кампања. За ова денеска обвинија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи се на информации од загрижени полицајци кои „не сакале да учествуваат повеќе во злосторничката група“.

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, вели дека целта на оваа група полицајци била физичко малтретирање и попречување на слободата на движење на луѓе кои не се од СДСМ.

„Групата од над четириесетина полицајци се координирала на апликацијата вибер. Во таа група именувана „ХХХ“ според она што досега го идентификувавме има началници, полициски командири и полицајци во улога на партиски извршители. Во групата членувале и командирот на ОВР Прилеп  – Дарко Цуцулоски, заменикот командир – Ванеса Колашинац, началникот на НККР Прилеп – Емилија Велкоска, како и Кире Китаноски кој е личен шофер на советникот на министерот Спасовски – Оливер Лукароски, кој според конверзацијата во групата е главниот налогодавец“ – вели Ковачки.

Додека Ковачки зборува, позади него се дел од пораките споделени во вибер групата, но тој и цитираше дел од нив.

Цитирам една од пораките – Вчера во 19 часот на ул Кеј 19-ти септември пред зградата на зоолошката, втора зграда, тојота црн џип ПП 0200 во кој седеше Борче Јовчески, во возилото седеше со УПС Мики Чадамов кој му предаваше список, односно документи“ – рече Ковачки објаснувајќи дека овој дел од конверзацијата открива дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, сега веќе избран градоначалник, бил следен од полицијата за партиски цели на СДСМ.

Ковачки цитираше и дел од брифинзите, а потенцира и оти биле давани насоки и се договарани и физички пресметки како и закани по живот за прилепчани.

Ова според него е доказ за злоупотреба на полициските овластувања и го повика ЈО да отвори случај против Заев, Спасовски и Николовски како одговорни во МВР и СДСМ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Утринава бил сослушан и сопственикот на превозната фирма „Беса Транс“ и тој е достапен за македонските истражни органи, соопштија од македонското и од бугарското обвинителство. Дали за него ќе следува мерка притвор, ќе одлучува надлежниот јавен обвинител.

Соптвеникот на „Беса транс“ бил на распит, бугарското обвинителство најави расчистување на случајот

Државното јавно обвинителство денеска ги предаде на бугарското обвинителство материјалите...

Министерот за транспорт и врски, Бочварски откри и дека автобусот на Беса Транс користел извод од лиценца на друг автобус, а попладнево кажа дека ниту еден од возачите кои го управувале автобусот на „Беса Транс“ кој изгоре, не бил вработен во компанијата

ТРАГЕДИЈАТА СО „БЕСА ТРАНС“ ОТКРИВА И ГОЛЕМИ СИСТЕМСКИ ПРОПУСТИ ЗА ПРЕВОЗНИЦИТЕ ВО ДРЖАВА

Владата како најодговорна за изнаоѓање на фирма која ќе се грижи за софтверот за полагање...

„Според бугарското обвинителство се спасиле 8 патници и дека тоа го забележал сведок. Што се однесува до списокот, во кој недостасува лице од ОАЕ, и за кое се вели дека е осмиот патник, немаме таква информација се уште. Од тоа што знам е дека патниците често ги менувале седиштата од еден во друг автобус, кога одмарале на бензински пумпи. Не знаеме какво ќе биде својството во постапката на сопственикот на компанијата, информира Јовески.

Јовески: Нема траги од експлозив на автобусот

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна...