Советникот Усеини во предизборието беше пријавен во полиција од инспектор од Скопје за попречување на инспекцискиот надзор на дивоградба во заштитеното јадро на Охрид.

Објавил: Рејхан Бајрами | 18 мај, 2019 13:48

СКАНДАЛ: Советникот од ДУИ, Нефи Усеини пцуе по новинари- „Мамицата да ти ја е..м! Ма иди во п…у матер,

Фото/Текст извор: ©онлине /магазин

„Мамицата да ти ја е..м! Ма иди во п…у матер. Која дивоградба п…..“, вака советникот на ДУИ Нефи Усеини му одговорил на новинарот на А1он.мк на прашање за продолжувањето со градежните активности на еден објект во заштитената зона на Охрид и покрај дирекното решение за уривање на истиот објект.

Инвеститорот, Нефи Усеини, инаку кој е советник на ДУИ во општина Охрид, по завршувањето на изборите за градоначалник, продолжи со завршните работи на летната тераса и никако не сака да се откаже од градењето на овој објект.

Дивоградбата кај Чинарот се појави на 9 и 10 март кога градежни работници со багери и хилти ја урнаа старата платформа и на местото почнаа да градат нова. Сите градежни активности кои се почнаа беа нелегални, но инспекцијата на терен излезе десет дена подоцна, а решение за уривање издаде пред крајот на март.
Нефи Усеини како советник во Општината учествува во носењето на одлуките за легализација на градбите и поставување урбана опрема. Советот на град Охрид ја донел одлуката за поставување урбана опрема кај Чинарот уште во јануари годинава.

Усеини тврдеше дека нема апсолутно никаква пречка да не му биде легализиран објектот што го гради кај Чинарот, затоа што го користи со години и уредно си плаќал закуп на Општината.

„Секоја година редовно си ги намирував побарувањата што ги имав од Општина Охрид. Го користам просторот веќе 10 години. За оваа година немам платено ништо оти не е дојден денот“, додаде Усеини. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...