Министерството за внатрешни работи и понатаму ќе ги презема сите мерки и активности за спречување на изборен поткуп и влијание врз гласачите. Апелирам до граѓаните да ја пријават секоја активности со која се крши или попречува нивното избирачко право, вели Чулев!

Објавил: Стојче Бушин | 10 јули, 2020 12:52

СКАНДАЛ: Сопственик на продавница ветувал на купувачи дека ќе им ги прости долговите ако гласаат за СДСМ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Од страна на Отсекот за економски криминал при Секторот за внатрешни работи Штип во текот на вчерашниот ден беа преземени мерки и активности за расчистување на кривично дело ,,Поткуп при избори и гласање“ при што до основното јавно обвинителство е доставено известување и побарани се насоки за преземање на дополнителни мерки и дејствија заради целосно документирање и докажување на кривично-правниот настан.

Имено, по добиени оперативни информации дека лицето Д. А. од Штип поседува патни исправи и лични карти од повеќе НН лица од ромска националност кои биле држени како залог за настанат долг во неговата прехранбена продавница, а кој долг наводно би им бил подмирен доколку истите на денот на изборите гласаат за политичката партија СДСМ, од страна на ОЕК при СВР Штип од Судија на претходна постапка од Основен суд Штип побарана и добиена е наредба за претрес на дом и други простории кај конкретното лице со цел обезбедување на материјални докази и целосно документирање на настанот.

При извршениот претрес во прехранбената продавница на лицето биле пронајдени 4 тетратки во А4 формат во кои имало список со имиња, 69 биометриски лични карти, 18 биометриски патни исправи, 18 стари патни исправи, 6 стари лични карти, 1 дозвола за престој и 1 здравствена легитимација, за кои постои основано сомневање дека се предмет на Кривично дело ,,Поткуп при избори и гласање“ од чл.162 од КЗ. Пронајдените предмети со потврда за привремено одземени предмети се одземени од лицето Д. А., а во просториите на СВР Штип со конкретното лице извршен е разговор во однос на околностите поврзани со пронајдените предмети.

Министерството за внатрешни работи и понатаму ќе ги презема сите мерки и активности за спречување на изборен поткуп и влијание врз гласачите. Апелирам до граѓаните да ја пријават секоја активности со која се крши или попречува нивното избирачко право, вели Чулев!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

Ова се случува денеска низ улиците на градот, поточно на ширинката кај јаворот, во близина на црквата „Света богородица“.

(ВИДЕО) Ромски улични свадбари во Велес, ниту носат маски, ниту држат растојание

Ниту вчерашниот неславен рекорд од 241 заразени во земјава од коронавирус, ниту „црните“...

Тој на Фејсбук напиша и дека укинувањето на тестирањето и 14-дневната изолација за иселениците е направено благодарение на придонесот на ДУИ во здравствените политики на владата.

Филипче до Зибери: Нема да дозволам политичко поентирање на сметка на епидемијата

Директорот на Центарот за јавно здравје Арбен Зибери ги повика иселениците да дојдат...

Замислете, колку злоба и нечовечност треба да имате за да сторите вакво дело!, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ Струга.

(ФОТО) Директорка на основно училиште во Струга наредила да се уништи Сонцето од Кутлеш

Денес сме сведоци на еден бесрамен вандализам во училиште во Струга! Имено, директорката...