Според него, газдата на „Орфеј“ прво им одговарал на телефонските повици, но, по неколкуте разговори кои ги имале, тој го исклучил мобилниот телефон и сега е недостапен за патниците.

Објавил: Сара Фемина | 27 април, 2019 17:49

СКАНДАЛ: 12 Македонски туристи оставени на МИЛОСТ И НЕМИЛОСТ заглавени во Турција!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Среде турската Кападокија на улица се оставени 12 македонски државјани од Виница, Струмица, Прилеп и од Скопје, откако тие уплатиле по 600 евра по човек за велигденска тура.

Како што извести на централниот дневник телевизија 24 вести, македонски државјани од Виница, Струмица, Прилеп и од Скопје, останаа заглавени на сред улица во Кападокија во Турција, откако граѓаните уплатиле по 600 евра по човек за велигденска тура.

Македонските туристи преспале во Турција само една вечер, затоа што од истиот хотел им соопштиле дека само за една вечер им е уплатено, иако турата требало да им трае четири дена. Според претставникот и одговорниот на заглавените туристи, Зоран Ефремов, аранжманот бил во организација на туристичката агенција „Орфеј“.

Газдата на „Орфеј“ прво се јавувал на телефонските повици, но после разговорите кои туристите ги имале, тој го исклучил мобилниот телефон и сега е недостапен за никого. Македонските државјани кои останаа заглавени во Турција, ја обвинуваат оваа агенција дека ги излажала и им ги зела парите. Телевизија 24 се обидува да стапи во контакт со сопственикот, но и за нив како и за патниците тој е недостапен.

Според неофицијални информации на Телевизија 24, оваа агенција е регистрирана во 2011-та година, но, дека претходно работела нелегално. Агенцијата во изминатите години беше споменува како дел од неколку слични скандали.

Туристите добиле информација дека најверојатно и авио-билетите за враќањето назад во земјава не им биле платени. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Венко Филипче и Зоран Заев веројатно се сложуваат во едно нешто, а тоа е дека на власта не и одговараат масовни собири и протести пред изборите!

Коронавирусот повод за забрана на сите јавни собири. Дали е ова политички инструмент!?

Министерот за здравство, Венко Филипче најави дека на седница на Владата ќе достави...

Во предметот се испитуваа евентуални неправилности околу увозот, рокот на употреба и евентуално предизвикани штетни последици од вакцините. Дополнително за истиот настан кривична пријава поднесе и Здружението на граѓани за заштита на човековите права „Здравје со игла не влегува“ од Кичево.

МРП вакцините кои беа повлечени биле квалитетни- никој нема да одговара за погрешните налепниците

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Резолуција...

Како што велат од таму, работниците немаат симптоми на коронавирус, но се под здравствен надзор затоа што претходно биле во Италија.

Две лица ставени во изолација во Битола поради опасност од коронавирус

Од центарот за јавно здравје за „СДК“потврдија дека денеска двајца Бугари кои работат...

Иако се уште нема официјална одлука на Владата за откажување на настани и собири заради појавата на корона вирусот во државата, организаторите донесоа одлука да не се одржи маскенбалот, интернационалната карневалска вечер и детскиот карневал, како и останатите содржини што беа планирани да се одржат во рамки на годинашните карневалски празнувања.

Поради Коронавирусот откажан традиционалниот Струмички карневал

Годинашното издание на меѓународниот Струмички карневал заврши синоќа со одржување...