Скано посочи и дека нашата земја кога станува збор за справување со пандемијата беше во врвот на земјите за справување со епидемијата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 јуни, 2020 16:53

Скано од СЗО: Македонија одлично се справува со пандемијата, но не е време за олабавување на мерките

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

На денешната заедничка прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче и Фабио Скано, советник на регионалниот директор на СЗО Европана, тој посочи дека сега не е време на олабавување на мерките и да се продолжи со идентифукување и изолирање на заразените лица.

Неоходно е целосно вклучување на општеството и продолжување на мерките за заштита. Резултатот од непочитување на овие мерки може да биде една експлозивна ситуација која жестоко ќе и наштети на еконимијата. Ние сме подготвени да продолжиме да ѝ помагаме на земјата, изјави попладнево Фабио Скано.

Скано посочи и дека нашата земја кога станува збор за справување со пандемијата беше во врвот на земјите за справување со епидемијата.

„Оваа моја посета се случи токму навреме. Вирусот нема наскоро да си замине. Брзо се шири и треба да направиме сѐ што е потребно и да бидеме пред вирусот. Целта на мојата посета е ми е да се запознам со епидемијата и ефектите од мерките што се презмеаат тука. Овие три дена имав интензивни средби со одговорни лица. Моето главно согледување е дека гледам сериозни, агилни на навремени мерки преземени од властите. Импресиониран сум од реакцијата на здравствените работници. Ова зголемување на бројот на пациентите може да се менаџира. Власта и граѓаните треба да си помогнат едни на други. Северна Македонија може да се врати на таа позиција од почетокот на кризата. Треба да бидеме пред вирусот, а не да каскаме позади него. Целото општество треба да биде дел од овие напори. Само преку прекинување на ланецот на пренесување може да се справиме со ковид-19“, изјави д-р Скано.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Мизрахи: Филипче денеска на прес-конференција побрза да се правда, но несмасно, заглавен до гуша во скандалот Онкологија неговиот прес е безмалку бесрамен

Мизрахи до Филипче: Заглавен сте до гуша со скандалот Онкологија

Венко Филипче како поранешен министер за здравство во владата на СДС, а сега како претседател...